7 вкусни рецепти за првата недела од божиќниот пост

Сабота: Риба

Потребни состојки: 4 риби (скуша, ослич или харинга), масло, лимон, сол и бибер

Начин на подготовка: Исчистете ја рибата, посолете ја, додајте бибер и маслиново масло и ставете ја во огноотпорна чинија. Врз рибата исцедете малку сок од лимон, прекријте ја со алуминиумска фолија и ставете ја во загреана рерна на 250 степени. Печете половина час, тргнете ја фолијата и печете уште 15 минути.

7-vkusni-recepti-za-prvata-nedela-od-bozhikniot-post-05.jpg

Недела: Салата од тестенини и туна

Потребни состојки: 1 пакување тестенини, 2 конзерви туна, 6 кисели краставички, 150 грама пченка, 150 грама посен мајонез, сол, бибер и оригано

Начин на подготовка: Сварете ги тестенините и исплакнете ги под млаз вода. Сварете ја пченката, исцедете ја и измешајте ја со тестенините. Додајте ги туната, мајонезот и зачините и добро измешајте.

7-vkusni-recepti-za-prvata-nedela-od-bozhikniot-post-06.jpg

Понеделник: Крем супа од домати (пост на вода)

Потребни состојки: 500 милилитри сок од домати, 300 милилитри вода, 2 моркови, 1 главица кромид, 2 компири, сол, бибер и магдонос

Начин на подготовка: Во малку вода сварете ги кромидот, морковот и компирот. Измешајте ја смесата со миксер и додајте го сокот од домати.

Оставете ја чорбата да вие 15 минути, а потоа додајте сол, бибер и сув магдонос.

7-vkusni-recepti-za-prvata-nedela-od-bozhikniot-post-07.jpg

Вторник: Тавче-гравче

Потребни состојки: 500 грама бел грав, 250 грама кромид, масло, сол, бибер, пипер и ловоров лист

Начин на подготовка: Ставете го гравот во тенџере и прелијте го со вода. Оставете го да зоврие, па сменете ја водата и додајте го крупно исечениот кромид. Откако ќе почне да се одделува лушпата од зрната грав, направете запршка од масло, брашно и пипер и додајте ја.

Оставете го гравот да се вари уште неколку минути, додајте ловоров лист и ставете го во тава. Печете го гравот во рерна на 250 степени, додека не се направи кора.

7-vkusni-recepti-za-prvata-nedela-od-bozhikniot-post-08.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Рецепти од ТикТок кои нема да ги „промашат“ и тие што се помалку вешти во кујна Похувано пилешко со пармезан, крем супа од брокула и чедар или американски палач...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg