Мезе на кое нема никој да му одолее: солени корпи со ајвар

Доколку (по некое чудо) ви се наоѓа уште некоја неотворена тегла ајвар дома, време е да ги направите овие вкусни, солени корпи полнети со т.н. „македонски кавијар“.

Soleni-korpi-so-ajvar-01.jpg

Интересно е што и во тестото и во филот има ајвар, така што сите љубителите на ајварот не смеат да го пропуштат овој рецепт и вкус:

Потребни состојки:

  • 250 g брашно
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 1 лажичка сол
  • 100 ml масло
  • 100 ml кисела вода
  • 2 лажици ајвар
  • За филот: ајвар, крем-сирење, обично сирење.

Начин на подготовка:

1. Во подлабок сад измешајте го сите наведени состојки за тестото (по истиот редослед). Замесете меко и мазно тесто и развлечете го со помош на сукало со дебелина од околу 3 mm.

2. Со помош на чаша извадете кругови од тестото. Свртете го калапот за мафини наоколу и извадените кругови од тестото ставете ги врз формите од калапот со цел да добиете корпи.

3. Печете ги корпите во загреана рерна на 200 степени, околу 10 минути, а со помош на чепкалка проверете дали тестото е печено.

4. Откако подготвените корпи ќе се оладат наполнете ги со фил по избор – крем-сирење, обично сирење, ајвар, шунка, итн.

* Доколку сакате попикантен вкус, употребете лут ајвар.

Soleni-korpi-so-ajvar-02.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лиснати кроасани со крем од ф’стаци - По првиот залак ќе барате уште Кремот од ф’стаци последниве години се користи во многу различни рецепти, а мног...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Кремаст Фереро Роше тарт - ќе барате парче плус Се подготвува брзо, со корнфлекс, а токму тој му го дава крцкавиот шмек што го и...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...

Најчитани неделава