Рецепт за домашно лепче без квасец
Во маркетите деновиве има празни полици за брашно и наидувам секој ден на бабички кои бараат квасец кој исто така се распродава со брзина на светлината. Но, без грижа, можете да си направите домашно лепче и без квасец.

Што ви е потребно?
Состојки:
- 500g брашно (по избор)
- 310ml млеко
- 2 лажици прашок за печиво
- 2 лажици масло
- 1 лажица сол
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени.
Помешајте ги сувите состојки - брашното, прашокот за печиво, солта. Додадете ги млекото и маслото и замесете со рака. Гледајте тестото да не биде подебело од 3cm за да се испече добро.
Тестото префрлете го во калап и оставете да се пече 40-50 минути.
Во лебот без квасец можете да додавате и различни семки по ваш избор.

Е. П. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто
Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за домашна бајадера - кралицата на малите колачи
Некои работи никогаш не излегуваат од мода и се пренесуваат од една генерација н...