Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Рецепт во едно тавче: потпечени макарони со колбаси, кашкавал и вино

Вкусни, кремави, со многу кашкавал и дискретен вкус на вино, ова ќе стане вашиот омилен рецепт за подготовка на макарони. Најдоброто нешто – не мора да валкате еден куп садови, рецептот се подготвува во едно тавче.

Potpecheni-makaroni-so-kolbasi-kashkaval-i-vino-01.jpg

Направете ги највкусните макарони за вас и вашето семејство:

Потребни состојки:

  • 1 лажица маслиново масло
  • 250 g колбас по желба (најдобро е лути колбаси, но доколку не јадете луто слободно ставете друг тип)
  • 700 g готов сос од тегла (вкус по желба)
  • 4 чешниња лук, ситно исечкан
  • ¼ лажичка црвен пипер
  • 1 лажичка оригано
  • Сол, бибер
  • ½ шолја рендан кашкавал
  • 500 g макарони
  • ½ шолја црвено вино
  • ½ шолја вода
  • 2 шолји рендана моцарела (или дополнителен кашкавал по избор)

Начин на подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 200 °С.

2. Во огноотпорно тавче кое може да се стави и во рерна, ставете 1 лажица маслиново масло на средна температура.

3. Додадете го сечканиот колбас на парченца и гответе 5-7 минути додека добро не се зарумени.

4. Додадете го лукот, црвениот пипер, ориганото, сол и бибер по вкус и мешајте околу 30 секунди додека добро не се соединат вкусовите.

5. Истурете го готовиот сос, макароните, водата и виното како и ренданиот кашкавал и добро измешајте.

Potpecheni-makaroni-so-kolbasi-kashkaval-i-vino (1).jpg

6. Покријте го тавчето со капак или со алуминиумска фолија доколку немате капак и печете во загреана рерна околу 45 минути.

7. Извадете го тавчето од рерната. Посипете ги макароните со преостанатиот дел од ренданиот кашкавал или моцарела (по ваша желба) и вратете го тавчето да се допече уште 5 минути без капак или фолија.

Potpecheni-makaroni-so-kolbasi-kashkaval-i-vino (2).jpg

Potpecheni-makaroni-so-kolbasi-kashkaval-i-vino (4).jpg

Potpecheni-makaroni-so-kolbasi-kashkaval-i-vino (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за божиќни путер колачиња Внесете ја празничната магија во вашиот дом и нека замириса на превкусни путер к...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за брзи лиснати ролнички со сланина Ако ви се најават гости или сакате да зготвите нешто брзо за ужинка за домашните...
Рецепт за мекици, од домашниот тефтер на мајките и бабите Ако сте љубител на мекици, не мора да чекате да се роди ново бебе, може да си ги...
Рецепт за најубавите домашни принцес крофни Принцес крофните се подготвуваат толку безо и лесно, што ако ги направите еднаш,...
Мрсна торта со вкус на тиква – домот ќе ви мириса како кај баба на гости Традиционалните мрсни торти секогаш ни будат доза носталгија од деновите поминат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg