Брз појадок со состојки кои ги имате дома – омлет во лепче
Интересна варијанта за појадок со намирници кои веќе ги имате во фрижидерот. Рецептот е брз и едноставен и се прави за неколку минути.

Потребни состојки:
- 4 парчиња леб
- 3 јајца
- 2 Млади кромитчиња
- Зеленчук по желба: пиперка, домат, печурки
- Дробено сиренце
- Сецкана шунка или сланина

Подготовка:
- Извадете ја срединката од лебот и сочувајте ја на страна.
- Сите состојки измешајте ги во посебен сад.
- Загрејте ја тавата со масло и наредете ги лепчињата. Почекајте минутка и ставете од смесата со јајца во дупките по средината на сите лепчиња.
- Потоа затворете одозгора со средината од лепчето. Превртете и од другата страна за да се потпечат. Можете да изрендате и сиренце одозгора.

На здравје!
Може да ги погледнете и видео инструкциите.
Е. П. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост
Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Брза пита со готови кори - им успева и на тие што не се вешти во кујна
Ако сте од оние жени (или мажи) што не се многу вешти во кујна, а сепак ви се ја...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Брза торта со бело чоколадо и бисквити, без печење - ќе барате парче плус
Оваа торта од 6 состојки се подготвува за само 10 минути. А кога глазурата од чо...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути
Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...