Совршен, летен ручек – хот дог со германски колбаси во пиво и неодолив сос од Дижон сенф
Дефинитивно сакаме да поминуваме што е можно помалку време во кујната, поради неподносливите високи температури.

Имаме совршен рецепт за вас кој ќе го обожаваат сите, а потребен е минимален труд и време за реализација.
Наместо стандардните виршли ви нудиме неодоливо вкусен рецепт со германски „братвурст“ колбаси во пиво и уште посладок сос чија основа е незаменливиот сенф Дижон.
Потреби состојки:
За Дижон сосот
- 1/3 шолја мајонез
- 4 лажички Дижон сенф
- 1 лажица сенф во зрна (по желба)
- 1 лажица течност од кисели краставички
- 3 лажици бел вински оцет
- 1 лажица шеќер
- ½ лажичка сол
- ½ лажичка црн бибер
- 4 шолји ситно исечкана црвена зелка
- 2 шолји ситно исечкана бела зелка
За колбасите со пиво
- 8 големи германски „братвурст“ колбаси
- 700 ml пиво
- 1 лажица путер
- 8 долгнавести лепчиња за хот дог
- Зелени лути пиперчиња (по желба)
Начин на подготовка:
- Прво направете го сосот. Во подлабок сад измешајте ги добро мајонезот, сенфот, течноста од киселите краставички, белиот вински оцет, солта и шеќерот, како и црниот бибер. Додадете ги двата вида исечкана зелка и добро промешајте. Оставете го сосот настрана.
- Во подлабока тава прво истурете го пивото додека не започне полека да врие. Додадете ги колбасите и оставете да се готват 8-10 минути на ниска температура.
- Потоа извадете ги, истурете го пивото и вратете ги колбасите да се зготват до крај со 1 лажица путер на средна температура.
- Во секое лепче ставете по еден колбас и нанесете поголема количина од сосот.
- Лутите пиперчиња се опционални, а како прилог може да додадете маслинки, кисели краставички, помфрит и секако – ладно пиво.





(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за домашна бајадера - кралицата на малите колачи
Некои работи никогаш не излегуваат од мода и се пренесуваат од една генерација н...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто
Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...