Ледена мока торта од која ќе посакате парче повеќе
Ги сакаме рецептите кои се едноставни, не ви го трошат половина од денот и целиот паричник, а притоа се неверојатни вкусни.

Доколку сте во потрага по лесен, летен рецепт кој ќе го задоволи вкусот на сите, нема да погрешите со оваа ледена мока торта.
Потреби состојки:
- 1 шолја чоколадни наполитанки (исечкани ситно)
- ¼ шолја шеќер
- ¼ шолја стопен путер
- 1 пакување (околу 225 gr) омекнато крем-сирење
- 1 конзерва (околу 400 ml) засладено, кондензирано млеко
- 2/3 шолја течно чоколадо
- 2 лажици инстант кафе во гранули
- 1 лажица врела вода
- 1 шолја слатка павлака, изматена во густ крем
Начин на подготовка:
- Во сад измешајте ги сечканите наполитанки, шеќерот и путерот. Оваа смеса натапкајте ја со помош на дното од чаша на дното од кружен калап чиј обрач се вади.
- Во подлабок сад измешајте го крем сирењето, млекото и течното чоколадо додека не добиете мазна смеса. Растворете го инстант кафето со врелата вода и додадете го во првата смеса. На крајот додадете ја изматената слатка павлака и добро измешајте.
- Оваа течна смеса истурете ја врз првичниот слој наполитанки. Оставете ја мока тортата добро да се стегне во замрзнувачот најмалку 8 часа или најдобро во текот на целата ноќ.
- Пред послужување извадете ја тортата да се пушти околу 10-15 минути. Извадете го обрачот од калапот и со нож поминат под топла вода сечете парчиња.

(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Лиснати кроасани со крем од ф’стаци - По првиот залак ќе барате уште
Кремот од ф’стаци последниве години се користи во многу различни рецепти, а мног...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Кремаста и сочна Барон торта, со многу чоколадо и малини
Слаткиот вкус на чоколадо во комбинација со кисели малини ја става Барон тортата...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Сочен колач со боровинки и бело чоколадо - десерт на кој нема да му одолеете
Овој колач со боровинки и прелив од бело чоколадо е толку вкусен, што секогаш ко...