„Крок Мадам“ – сендвичот кој ќе успее да ви го поправи и најлошото расположение
Croque monsieur или Крок Мисје е француски топол сендвич чии главни состојки се шунка и кашкавал. Сендвичот за првпат започнал да се служи во француските кафулиња како топла закуска.

Неговата варијација е женската верзија – Croque Madame или Крок Мадам која опфаќа „јајце на око“ врз сендвичот, а името го добило бидејќи јајцето потсетува на женска шапка.
Овој топол сендвич е идеален за појадок, брз ручек, па дури и вечера, идеален за ситуациите кога ни е потребна малку храна за утеха или добро расположение.
Потребни состојки (за 2 сендвичи):
- 5 лажици путер
- 20 g брашно
- 250 ml млеко
- 4 парчиња бел леб
- 100 g свинска шунка
- 100 g изрендано тврд кравји кашкавал
- 2 лажички сенф
- 2 големи јајца
- Сол и бибер
Начин на подготовка:
- Во подлабок сад стопете 2 лажици од путерот. Додадете го брашното и мешајте на средна температура (најдобро со жица за матење) додека не добиете убава, златна смеса.
- Додавајте го полека млекото и солта и константно мешајте на средна температура додека смесата не се згусне.
- Тргнете го бешамел сосот од огнот и додадете околу 50 gr рендан кашкавал.
- Двете парчиња леб премачкајте ги со сенфот. Ставете шунка, ставете од бешамел сосот и распоредете го преостанатиот рендан кашкавал. Покријте го лепчето со другата кришка леб.
- Стопете 2 лажици путер во чисто тавче и ставете ги сендвичите во неа. Печете ги сендвичите од двете страни во тавчето додека благо не се заруменат.
- Префрлете ги сендвичите врз хартија за печење. Премачкајте ги со останатиот дел од бешамел сосот и печете ги во загреана рерна на 200 степени. Потребно е да се запечат неколку минути додека сендвичите не добијат златна боја.
- Во меѓувреме спржете 2 јајца на око. Извадете ги сендвичите од рерната и врз секој од нив ставете по едно јајце на око.
- Зачинете по желба.


(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Домашни меки кифлички, со кашкавал и сланина
Овие кифлички е совршено меки и вкусни, што нема да сакате да почекате ни да се ...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Куглоф колач со лимон - десерт што ќе ве освои од првиот залак
Овој сочен куглоф колач е комбинација од кисели и слатки вкусови, а верувајте, ќ...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус
Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз
Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...