Омилен десерт од детството: Кокосови коцки со мармалад
Коцки со освежителен мармалад, потопени во чоколадо, па извалкани во кокос – има ли нешто подобро?

Дали како мали сте јаделе чоколадни коцки со мармалад, извалкани во кокос?
Многумина ги потсеќа ова на вкусот на детството, иако оригиналниот рецепт е според австралискиот специјалитет ламингтонс.
Но и оние што првпат ќе ги пробаат, ќе се заљубат на прво залче.
Потребни состојки:
За колачот:
- 3 јајца
- 150g шеќер
- 100ml масло
- 100ml млеко
- 130g брашно
- 10g прашок за печиво
- Прстофат сол
За чоколадниот прелив:
- 250g темно чоколадо
- 250g путер
- 200ml млеко
За декорација:
- 300g кокос
Начин на подготовка:
- Одвојте ги жолчките од белките и изматете ги белките додека не добиете пенеста смеса.
- Измешајте ги жолчките со маслото и шеќерот, па додадете го прашокот за печиво и постепено млекото.
- Потоа додадете прстофат сол и полека измешајте ги белките со смесата од жолчки.
- Прелијте ја смесата во плех обложен со хартија за печење и печете во загреана рерна 20 минути на 180 степени. Оставете колачот да се излачи половина час.
- Оладениот колач поделете го на половина и внатрешниот дел намачкајте го со богат слој мармалад од јагоди/малини или друго црвено овошје. Преклопете со горниот дел и исечете коцки.
- Стопете го чоколадото со путерот и млекото така што ќе добиете мазна смеса за фил.
- Потопете ги коцките од сите страна, а потоа извалкајте ги во кокос.
- Служете ги на собна температура.


М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо
Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
Посно медено срце - сочна и здрава верзија на омилениот колач
Ако сте љубител на медено срце, а периодов постите, тоа не значи дека треба да с...
Колач со лимон и мак - Сочен и вкусен десерт, за целото семејство
Класичниот колач со мак можете да го подготвите во нова, посвежа варијанта - со ...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Рецепт за посни чоколадни мафини полнети со мармалад – кога ви треба брзинско благо
Ако душата ви побара благо додека постите, имаме идеален рецепт за вкусни чокола...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус
Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...