4 едноставни рецепти за домашен хумус - најздравиот намаз

Хумусот е традиционално јадење од Блискиот Исток, во кое главната состојка е наутот. Покрај наутот, најчесто хумусот се прави со таан, лук и лимон, но постојат и многу други варијации.

4-ednostavni-recepti-za-domashen-humus-01.jpg

Хумусот е еден од највкусните намази, а уште подобро е што неговото правење одзема многу малку време.

Во продолжение, можете да погледнете неколку вкусни рецепти за домашен хумус:

Домашен хумус без таан

Потребни состојки:

  • 2 шолји наут (варен или од конзерва)
  • 1/4 шолја исечкан кромид
  • 1 чешне лук
  • 1/2 шолја свеж магдонос
  • 1 црвена пиперка (печена)
  • 1/4 шолја маслиново масло
  • 2 лажици лимонов сок
  • Сол и бибер по вкус

Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер и блендирајте додека не добиете хомогена смеса. На крај можете да додадете малку бибер и уште малку маслиново масло.

4-ednostavni-recepti-za-domashen-humus-02.jpg

Хумус со путер од кикиритки

Потребни состојки:

  • 2 шолји наут (варен или од конзерва)
  • 2 лажици путер од кикиритки
  • 2 лажици лимонов сок
  • 1 чешне лук
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1/2 лажичка сол
  • 2 лажици вода

Начин на подготовка:

Ставете ги состојките во блендер и блендирајте додека не добиете хомогена смеса. На крај можете да додадете уште малку маслиново масло, но и зачини како бибер или куркума.

4-ednostavni-recepti-za-domashen-humus-03.jpg

Хумус со кари

Потребни состојки:

  • 2 1/5 шолји наут (варен или од конзерва)
  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 лажици вода
  • 1 лажица лимонов сок
  • 1 лажичка кари
  • 1/4 лажичка сол

Начин на подготовка:

Ставете ги состојките во блендер и направете хомогена смеса. На крај, додајте сол по вкус.

4-ednostavni-recepti-za-domashen-humus-04.jpg

Песто хумус

Потребни состојки:

  • 2 1/5 шолји наут (варен или од конзерва)
  • 1/3 шолја свеж босилек (исечкан)
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1/4 лажичка морска сол

Начин на подготовка:

Блендирајте ги сите состојки додека не добиете хомогена смеса.

4-ednostavni-recepti-za-domashen-humus-05.jpg

Погледнете и Зошто хумусот е најздрав и највкусен намаз на светот и како да го подготвите дома?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Рецепт за шпагети со кремаст и сочен сос од шери домати, лук и пармезан Ако сте љубител на паста со лесни, но кремасти и сочни сосови, ова е идеален рец...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Сочен Цезар сендвич, со потпечено лепче, многу сос и крцкаво пилешко Класичната Цезар салата, која им е омилена на многумина, сега може да ја јадете ...

Најчитани неделава