Основна смеса за 10 видови путер колачиња – Ви требаат 4 состојки
Направете ја оваа основна смеса за путер колачиња и цела есен може да ги имате најзабавните закуски со кафе или чај.

Лесни се, добро одат со сите топли пијалаци, а се прават од само 4 состојки.
Потребно ви е:
- 200g брашно
- 50g шеќер
- 100g путер
- Малку какао
Подготовка:
- Изматете ги путерот и шеќерот, а потоа додајте го брашното. Добиеното тесто раздвојте го на два дела.
- Едниот дел оставете го каков што е, а во другиот додадете какао.
- Добиеното тесто замотајте го во проѕирна фолија и оставете го во фрижидер околу 1 час.
- По 1 час, одвиткајте го тестото и правете облици.
- Наредете ги на хартија за печење и печете 7-10 минути, со надгледување.
Деталното упатство погледнете го во видеото:
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз
Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Во кујна со Сања Савеска: Божиќни путер колачиња, совршени за празничната трпеза
„Готвењето е мојата голема љубов уште од кога бев мала. Никогаш не ми е мак...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Во кујна со Марјан од Скопје: Домашни кифлички по рецепт на неговата мајка
„Уште од мал, гледајќи ја мајка ми како меси и прави разни ‘лудории’ во нашиот о...
Во кујна со Сузана Гавазова - Компир манџа по рецепт од мајка ѝ и домашно месено лепче во боја
„Растев со мирисот на свежо печено лепче, со звуците од кујната каде мајка ми ти...