„Чоколадна бомба“ за која ви требаат 30 минути, мелени бисквити и топено чоколадо

Добро, потребни ви се уште неколку состојки, но кога ви се јаде нешто пречоколадно, а не ви се печат торти и не ви се матат филови, имаме изненадување во облик на рецепт за брз тарт.

cokoladna-bomba-za-koja-vi-trebaat-30-minuti-melena-plazma-i-topeno-cokolado-1.jpg

Кората се прави од бисквити, полнењето од топено чоколадо и тоа за помалку од 30 минути.

Топло препорачуваме да го пробате...

Потребни состојки:

Подлога:

  • 250g мелени бисквити
  • 100g мелени лешници
  • 125g стопен путер
  • 100g темно чоколадо
  • 50ml млеко

Крем:

  • 150g млечно чоколадо
  • 200g темно чоколадо
  • 125g путер
  • 250ml слатка павлака

Подготовка:

  • Помешајте ги сите состојки за подлогата и распоредете ја смесата во плех со дијаметар од 30 сантиметри. Ставете во фрижидер да се лади.
  • За филот, ситно исечкајте ги чоколадите. Загрејте ја слатката павлака со путерот, до точка на вриење. Прелејте ја смесата преку подлогата.
  • Оставете да отстои 2-3 минути, па промешајте со жица додека не добиете мазен фил.
  • Распоредете го филот по кората, украсете по желба и оставете во фрижидер да се олади неколку часа. Препорачливо е минимум 3.

cokoladna-bomba-za-koja-vi-trebaat-30-minuti-melena-plazma-i-topeno-cokolado-2.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за домашна бајадера - кралицата на малите колачи Некои работи никогаш не излегуваат од мода и се пренесуваат од една генерација н...

Најчитани неделава