3 италијански здрави рецепти: Крема од тиква и хељда, рижото со цвекло и graukase, аспарагус со јајца

Во склоп на Неделата на италијанска кујна, денес на менито имаме неколку рецепти за здрава италијанска храна подготвени од најреномираната академија за кулинарство во Италија „АЛМА“.

3-italijanski-zdravi-recepti-krema-od-tikva-i-heljda-rizoto-so-cveklo-i-graukase-aspagaragus-so-jajca-01 (1).jpg

Знаеме дека сте нетрпеливи да ги набавите состојките и да уживате во вкусниот оброк со чаша вино - баш како што знаат само Италијанците.

Ова се трите рецепти за денес:

1. Аспарагус и јајца (Asparagi e uova)

Состојки за 4 лица:

  • 4 китки аспарагус
  • Маслиново масло ладно цедено
  • Оцет од бело вино
  • 4 јајца
  • Сол
  • Бибер

За кремата од пармезан:

  • 40ml течна павлака
  • 80g Parmigiano Reggiano
  • Сол
  • Бибер

3-italijanski-zdravi-recepti-krema-od-tikva-i-heljda-rizoto-so-cveklo-i-graukase-aspagaragus-so-jajca-002.jpg

Постапка:

  • На аспарагусот му се отсекуваат врвовите, а долниот дел се лупи и се сече закосено на помали парчиња.
  • Во тава се става да зоврие вода со масло и неколку капки оцет и во неа се вари аспарагусот.
  • За пошираните јајца, во тенџере се загрева вода во која сме додале сол и неколку капки оцет, сѐ додека не почне да врие.
  • Јајцето се крши и истура внимателно во водата, која треба околу него да се заврти како вртлог, со помош на маталка. Така јајцето се готви околу 5 минути.

Крема од пармезан: Во мало тенџерче се ставаат течната павлака и изренданиот пармезан, се додава сол и бибер по желба. На многу тивок оган се загрева додека пармезанот не се стопи и целата смеса да стане хомоген крем.

Послужување: На дното од чинијата се става кремата од пармезан, врз неа се става јајцето и околу него аспарагусот.

2. Топол крем од тиква и хељда  (Crema tiepida di zucca e grano saraceno)

Состојки за кремот од тиква:

  • 250g тиква
  • 125 компири
  • 50праз
  • 100g моркови
  • 50карфиол
  • 50ладно цедено маслиново масло
  • 25суво бело вино
  • 150кокосово млеко
  • 150вода
  • 1куркума
  • 7сол

Состојки за бисквитите од хељда:

  • 100хељда
  • 200вода
  • 2сол
  • 50масло

3-italijanski-zdravi-recepti-krema-od-tikva-i-heljda-rizoto-so-cveklo-i-graukase-aspagaragus-so-jajca-02.jpg

Подготовка:

  • Во тава се пропржува зеленчукот со маслиновото масло, се посолува и се додава белото вино. Кога виното ќе испари, се додава вода да го покрие зеленчукот, се додава сол и куркума.
  • Кoга зеленчукот е доволно сварен се додаваат останатото масло и кокосовото млеко и се мати со блендер.
  • За бисквитите се става хељдата во ладна посолена вода и се вари 20 минути. 1/3 од добиената смеса се мати со блендер и се развлекува во тенка кора со помош на два листа хартија за печење.
  • Кога ќе се излади кората се сечат форми за бисквити и се запечуваат во тава со масло и мајчина душица.
  • Се пропржуваат во тава листови од зелка, праз и тиква, за декорација.

Послужување: на дното од чинијата се става кремата од тиква. Врз неа се додаваат бисквитите од хељда и пропржениот зеленчук.

3. Рижото од јачмен со цвекло и graukase (вид „сив“ кашкавал од регионот Алто Адиџе) (Orzotto con rapa rossa e graukase)

Состојки:

  • 320g бел јачмен (рафиниран)
  • 200цвекло
  • 40Graukase (полузрел кашкавал од сирово кравјо млеко)
  • 30Пармезан
  • 1l растителен бујон
  • 30кромид
  • 30путер
  • 20g бело вино
  • Рен
  • Ѓумбир
  • Сол
  • Бибер

3-italijanski-zdravi-recepti-krema-od-tikva-i-heljda-rizoto-so-cveklo-i-graukase-aspagaragus-so-jajca-04.jpg

Подготовка:

  • Се подготвува бујон од целер, морков и кромид. Цвеклото се вари додека да омекне во солена вода. Кромидот се сечка ситно и се пропржува со путерот. Дел од цвеклото се сече на коцкички, а останатиот дел се меша во блендер со дел од бујонот, пропржениот кромид и малку ѓумбир и рен, додека да се добие хомогена кремаста смеса.
  • Во едно широко тенџере се подзапечува јачменот на путер, а потоа се залева со белото вино. Откако алкохолот ќе испари, се готви со постепено додавање на бујонот.
  • На 2/3 од постапката се додава и пирето од цвекло. Кога јачменот е сварен се додава сол и бибер по потреба и се трга од оган. Се додаваат путерот и пармезанот и коцкичките цвекло.
  • Се послужува топло и богато се поросува со ренданиот сив кашкавал (graukase).

Би можело да ве интересира:

3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Јајца на око со виршли во форма на цветови - децата ќе ги обожаваат (видео) Едноставен рецепт за јајца на око со виршли цветови, кој, освен што се спрема бр...
5 предлог посни рецепти за деновите кога не знаете што да јадете Пет рецепти без масло и со масло за деновите додека трае постот. Што можете да п...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Брз и хранлив оброк: Јајца со кисело млеко или павлака, на турски начин Пржените јајца честопати се дел од нашите оброци, а најчесто ги подгот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg