Новогодишни ванилици – слатки колачиња по бабин рецепт од кој сите ќе посакаат парче повеќе

Сосема малку модифицирани, но добро познати ванилици од времето на нашите баби, декорирани во „новогодишно руво“.

Novogodisni-vanilici-01.jpg

Ќе ги обожаваат апсолутно сите овие слатки колачиња од нашето детство. Не очекувајте премногу долго да се задржат во кутијата или чинијата.

Потребни состојки:

  • 125 gr маргарин
  • 125 gr свинска маст (доколку не го преферирате вкусот на свинска маст, слободно ставете 250 gr маргарин)
  • 3 жолчки
  • 120 gr шеќер во прав
  • Кора од лимон
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • 500 gr брашно
  • 2 лажици прашок за печиво

Начин на подготовка:

  • Маргаринот, свинската маст и јајцата мора да бидат на собна температура.
  • Изматете го маргаринот и свинската маст пенесто заедно со ванилиниот шеќер и шеќерот во прав. Додавајте ги жолчките, една по една, како и кората од лимон. На крајот додадете го просеаното брашно и прашокот за печиво.
  • Добро изработете го тестото со рацете. Доколку е лепливо, слободно додадете уште некоја лажица брашно повеќе. Тестото префрлете го во чиста ќеса, па оставете го да „одмори“ во фрижидерот, најмалку 2 часа.
  • Расукајте тенка кора со дебелина од 0,5 cm. Со модли за колачи извадете ги саканите форми и наредете ги во тавче обложено со хартија за печење.
  • Печете ги во загреана рерна на 170°C сосема малку, додека не поруменат.
  • Кога добро ќе се оладат колачињата, залепете ги формите со малку џем или мармалад, најдобро во црвена боја поради празничниот изглед. Посипете ги со шеќер во прав и – уживајте.

Novogodisni-vanilici (4).jpg

Novogodisni-vanilici (3).jpg

Novogodisni-vanilici (2).jpg

Novogodisni-vanilici (1).jpg

⁣(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кремаст Фереро Роше тарт - ќе барате парче плус Се подготвува брзо, со корнфлекс, а токму тој му го дава крцкавиот шмек што го и...
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Во кујна со Катарина Ивановска - Рецепт за боранија со јунешко, манџа што ја обожаваат нејзините дец... „Децата јадат буквално сè, а најмногу им се допаѓаат моите манџи. Мајка ми ...

Најчитани неделава