Лазања во корнет - Сочен ручек за првиот викенд од новата година

Првиот викенд во новата година заслужуваме да се почастиме со неодолив ручек со богат вкус – направете си лазања во корнет.

lazanja-vo-kornet-neodolivo-sochen-ruchek-za-celo-semejstvo-01.jpg

Добро познатата редена лазања може да ја пробаме на нов начин – рецепт во кој ќе ужива цело семејство.

Изгледа неодоливо и богато на трпезата и нема да можете да се сопрете од земање парче плус.

Потребни состојки:

  • Лазања
  • 700g мелено месо
  • 250g рикота (или друго меко сирење)
  • 200g рендана моцарела (или кашкавал)
  • 500ml доматен сос
  • 100g пармезан
  • Маслиново масло
  • Сол и бибер

Начин на подготовка:

  • Потопете ги парчињата лазања во топла вода, исушете ги добро на крпа и исечете помали парчиња од нив, кои ќе ги заролате како корнет.
  • Испржете го месото со сол и бибер на малку маслиново масло.
  • Измешајте половина од испрженото месо со рикота сирење и со половина од ренданата моцарела или кашкавал.
  • Ставете ја оваа мешавина во кесичка за замрзнување, исечете го врвот на кесата и полнете ги корнетите од лазања со оваа мешавина.
  • Преостанатата половина од прженото месо измешајте го со половина од доматниот сос.
  • Исечете парче лазања на помали парчиња и секое од нив редете го слоевито во мал, длабок сад – парче лазања, па малку од месото со доматен сос, па рендана моцарела или кашкавал – повторувајте во неколку слоеви, а најгоре ставете 2-3 парчиња лазања.
  • Преклопете го садчето со поголем кружен сад во кој ќе сервирате и превртете, така што долната страна ќе дојде најгоре.
  • Намачкајте ја куглата во средина со преостанатата половина од мешавината од месо и рикота.
  • Остатокот од доматниот сос истурете го околу куглата од мелено месо и редете ги корнетите во куглата, така што малку ќе ги вдлабите во неа за да стојат цврсто.
  • Одозгора наросете со преостанатите моцарела (или кашкавал) и со пармезан и ставете да се пече 15 миути на 200 степени Целзиусови.
  • Исечете на парчиња и уживајте.

Погледнете го видеото за да ви биде појасна постапката (само првиот рецепт од видеото):

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сочен семеен ручек: Ќофтиња во сос со растопен кашкавал Ако сакате брз и вкусен, сочен ручек за цело семејство или друштво, вреди да го ...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...
Колач со лимон и мак - Сочен и вкусен десерт, за целото семејство Класичниот колач со мак можете да го подготвите во нова, посвежа варијанта - со ...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Домашен ручек за почетници: Рецепт за ориз и пилешки копани во рерна Ако не сте вешти во кујна, а сакате домашен ручек, овој рецепт ќе ви заврши рабо...
Домашен крцкав бурек во тавче - се прави со растурени кори, полнет со сочен фил Ако ви се јаде бурек, а дома имате готови кори за пита, можете сами да си ја под...

Најчитани неделава