Попај салата – направете ја ако сакате да одморите од месо
Време е за сериозно чистење на организмот и намалување на килограмите и мастите кои ги накачивме за празниците.

Ако и вие се мислите како да преминете на полесни оброци, имаме една предлог салата која е добра и за ручек и за вечера.
Потребни состојки:
- 400g спанаќ
- 250g шампињони
- 1 главица виолетов кромид, по желба
- 2 мали лукчиња, по желба
- Коцки сув леб или Кубети
- 250g грчки јогурт (или густа павлака)
- 2 шаки кршени ореви
- Сол, бибер и зачини по желба
Начин на подготовка:
- Добро измијте го спанаќот и процедете го. Динстајте го неколку минути, а за тоа време пропржете ги шампињоните со кромидот во тавче и на крај додадете лук.
- Помешајте ги смесите, додадете го грчкиот јогурт, оревите и зачините.
- На крај посипете ги коцките сув леб и уживајте!
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Сочен Цезар сендвич, со потпечено лепче, многу сос и крцкаво пилешко
Класичната Цезар салата, која им е омилена на многумина, сега може да ја јадете ...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Совршено летно мезе - Крцкави тиквички потпечени во рерна, со сос од грчки јогурт
Тиквичките може да се подготват на десетици разни начини, но овие со лебни трошк...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...