Брзо мезе: Мини триаголници полнети со кашкавал и сланина
Верувале или не, ова вкусно мезе се прави од леб, а подготовката одзема само неколку минути – за исто толку и ќе ја испразните чинијата.

Периодов вечерите ги поминуваме во домот, па зошто да не го искористите времето со најблиските за дружење со мезе?
Кога сакате вкусно мезе, нормално, не ви се меси, а во фрижидерот немате замрзнати лиснати, овој рецепт е идеален спас.
Вкусните триаголничиња се прават од тост-леб, а може да ги наполните со фил по желба, а ние најдовме идеална комбинација…
Потребни состојки:
- 10 парчиња тост леб
- 100 g рендан кашкавал
- 8 парчиња сланина, крцкаво запржена и сечкана
- 2 лути пиперчиња, сечкани
- 3 јајца
- 250 ml млеко
- ½ лажичка сол
- ½ лажичка бибер
Начин на подготовка
- Измешајте ги кашкавалот, сланината и пиперките.
- Исечете ја кората од лебот и внимавајте да создадете рамни краеви од коцката на лепчето.
- Во посебен сад измешајте ги јајцата, млекото и зачините.
- На една страна од лепчето редете по 1 лажица од мешавината со кашкавал и сланина, спојте два дијагонални агли и притискајте со прстите по краевите за да се зацврстат.
- Потопете ги сите триаголници во мешавината од јајца и млеко.
- Загрејте малку путер на тавче и запржете ги триаголниците од двете страни додека не станат кафеави.
- Послужете со сос по желба.
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус
Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Домашни меки кифлички, со кашкавал и сланина
Овие кифлички е совршено меки и вкусни, што нема да сакате да почекате ни да се ...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Во кујна со Марјан од Скопје: Домашни кифлички по рецепт на неговата мајка
„Уште од мал, гледајќи ја мајка ми како меси и прави разни ‘лудории’ во нашиот о...