Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Не се откажувајте од слатките задоволства: Рецепт за KETO палачинки

Најчесто кога сме на диета сметаме дека треба да се откажеме од малите слатки задоволства во животот, но дали е тоа така? Во продолжение проследете рецепт за вкусни КЕТО палачинки што можете да ги комбинирате со сируп или додатоци по ваш вкус.

ne-se-otkazuvajte-od-slatkite-zadovolstva-recept-za-keto-palacinki-001.jpg

Со оглед на тоа што КЕТО диетата во моментов е светски тренд, сè повеќе луѓе се придржуваат до неа затоа што бенефитите се големи и тоа не само за подобрување на физичкиот изглед, туку и поради здравствени причини.

Овој вид диета ги подобрува здравјето на срцето и функцијата на мозокот. Исто така, може да помогне да се намалат нивоата на триглицериди и ризикот од кардиоваскуларни болести.

Поради нискиот внес на јаглехидрати, КЕТО диетата е добра за контрола на дијабетесот, бидејќи не предизвикува драстични скокови на нивото на глукоза во крвта и ги намалува нивоата на инсулин. Кето исхраната исто така може да ја намали појавата на акни, бидејќи нејзините состојки не предизвикуваат проблеми со кожата.

Сепак, препорачуваме пред да почнете со ваков тип исхрана, задолжително да се консултирате со стручно лице посебно доколку имате други здравствени проблеми.

Имајќи во предвид дека КЕТО исхраната подразбира консумирање на храна богата со протеини и масти, а отфрлање на јаглехидратите, најчесто сметаме дека тоа подразбира откажување од леб, производи од брашно и слатки, но не е така.

Во последно време се појавуваат сè повеќе книги со рецепти за КЕТО исхрана, а се истакнуваат и оние во кои се опфатени рецепти и за КЕТО печива и слатки.

За денес ви издвојуваме еден рецепт за КЕТО палачинки што можете да ги консумирате слободно без да имате грижа на совест. Овој рецепт е објавен во книгата KETO fat bombs sweets and treats, а во продолжение имате можност да го проследите истиот со точно приспособени количини на состојките според нашите мерни единици.

ne-se-otkazuvajte-od-slatkite-zadovolstva-recept-za-KETO-palacinki-01_copy_copy.jpg

Станува збор за основни палачинки што можете да ги комбинирате со сируп по ваш вкус, а се одлични за појадок.

За подготовка на ова слатко задоволство ќе ви бидат потребни само околу 25 минути, а од една „доза тесто“ добивате околу 10 тина палачинки.

Потребни состојки:

  • 190g бадемово брашно
  • 50g кокосово брашно
  • 20g стевиа засладувач
  • 2 мали лажички прашок за печиво
  • 10 поголеми јајца
  • 120ml вода
  • 110g кокосово масло или несолен путер (стопен)
  • 1 лажица екстракт од ванила

Начин на подготовка:

  • Премачкајте ја тавата со околу 2 лажици кокосово масло и ставете да се загрее на средна температура.
  • Во поголем сад измешајте ги бадемовото и кокосовото брашно, додадете засладувач, прашок за печиво, јајца, вода, стопено кокосово масло и екстракт од ванила. Мешајте додека состојките добро да се соединат.
  • Од приготвеното тесто со црпалка одвојувајте околу 30 грама за секоја палачинка. Печете во загреана тава околу 2 до 3 минути, односно додека на површината да се појават меурчиња. Свртете ја палачинката и печете ја од другата страна околу 1 до 2 минути, односно додека не добие златно-жолтеникава боја.
  • Оваа постапка ја повторувате додека не го потрошите приготвеното тесто.

Палачинките се јадат топли, а може да ги послужите со овошје, мед или јаворов сируп. Уживајте!

ne-se-otkazuvajte-od-slatkite-zadovolstva-recept-za-keto-palacinki-2.jpg

 Б. С. Б. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Рецепт за божиќни путер колачиња Внесете ја празничната магија во вашиот дом и нека замириса на превкусни путер к...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за брзи лиснати ролнички со сланина Ако ви се најават гости или сакате да зготвите нешто брзо за ужинка за домашните...
Палачинки со сирење и шунка - одлична идеја за викенд појадок Палачинките се секогаш одличен избор за појадок, вечера, ужина или десерт. Но, д...
Рецепт за мекици, од домашниот тефтер на мајките и бабите Ако сте љубител на мекици, не мора да чекате да се роди ново бебе, може да си ги...
Рецепт за најубавите домашни принцес крофни Принцес крофните се подготвуваат толку безо и лесно, што ако ги направите еднаш,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg