Посен ручек по рецепт на Dave’s Kitchen – ќофтиња кои се прават за 15 минути
На сите оние што веќе не знаат што да зготват за време на велигденските пости, рецептот на Давор Панчевски познат како Dave’s Kitchen, ќе им биде од голема корист.
фото: Dave's Kitchen
Ако веќе ги пробавте сите традиционални ручеци, ви се смачи од манџи, а и од сува храна, ви нудиме превкусни ќофтиња во кои нема месо.
Ќофтињата од брокула се идеална замена за месото во посниот период, а може да ги пробаат и сите вегетеријанци.
Се прават за 15 минути, а во нив може да ужива цело семејство.
Потребни состојки:
- 1 средна главица брокула или 300 г замрзната брокула
- 1 мала главица кромид
- 1 чешне лук
- 2 средни моркови
- 2 лажици магдонос
- 2 јајца
- 1 лажичка буковец лут или благ
- 1 лажичка шарена сол
- Сол и мелен црн пипер по вкус
- 70 г лебни трошки
- Масло за јадење
Начин на подготовка:
- Во тенџере со зовриена вода ставете ја брокулата поделена на помали делови да се обари околу 1 минута. Потоа прецедете ја и поминете ја низ студена вода.
- На даска за сечкање, исечкајте ја ситно брокулата и ставете ја во длабок сад.
- Во садот додадете го ситно исечканиот лук и кромид. Морковите исто така ситно исечкајте ги и додадете ги во садот.
- Потоа додадете ги јајцата, магдоносот, буковецот, шарената сол, солта и мелениот црн пипер. Добро измешајте со помош на виљушка и додадете ги лебните трошки.
- Повторно промешајте и со лажичка или со дланка оформете ги ќофтенцата.
- Наредете ги на хартија за печење и полејте по малку масло за јадење врз секое ќофтенце.
- Печете во загреана рерна на 200 степени околу 10-15 минути.
- Сервирајте со кисела павлака.
М. М. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...

Рецепт за божиќни путер колачиња
Внесете ја празничната магија во вашиот дом и нека замириса на превкусни путер к...

Рецепт за брзи лиснати ролнички со сланина
Ако ви се најават гости или сакате да зготвите нешто брзо за ужинка за домашните...

Посна проја со праз - рецепт кој им успева на сите
Ако сте љубител на проја, а постите - пробајте го овој рецепт кој е лесен за под...

Рецепт за сочни цимет ролнички со прелив
Направете си ги најмеките, сочни ролнички со цимет, познати како cinnamon rolls,...

Рецепт за мекици, од домашниот тефтер на мајките и бабите
Ако сте љубител на мекици, не мора да чекате да се роди ново бебе, може да си ги...
-->
-->