Здрав десерт со овесни снегулки и јагоди – колачиња за кои ќе немате грижа на совест

Лесен, едноставен, сладок рецепт кој вклучува јагоди. 

Zdrav-desert-so-ovesni-snegulki-i-jagodi-01.jpg

Се подготвува во еден сад и е синоним за совршена ужинка и рецепт. Ќе немате грижа на совест додека ги јадете овие вкусни, здрави колачиња со овесни снегулки и омиленото пролетно овошје – јагодите:

Потребни состојки:

  • 1 шолја крупни, овесни снегулки
  • ¾ интегрално брашно (или тип 400, зависно од вкусот)
  • 1/3 шолја кафеав шеќер
  • ¼ лажичка ѓумбир во прав
  • ¼ лажичка сол
  • 6 лажици стопен, несолен путер
  • 2 шолји сечкани јагоди
  • 1 лажичка густин (нишесте)
  • 1 лажица сок од цеден лимон
  • 2 лажички шеќер

За преливот:

  • 1/2 шолја шеќер во прав
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 1 лажица млеко

Начин на подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 190ﹾС. Обложете квадратно тавче за печење со хартија и внимавајте таа да ги покрива и рабовите на тавчето.
  • Во подлабок сад помешајте ги овесните снегулки, кафеавиот шеќер, ѓумбирот и солта. Додадете го стопениот путер и мешајте додека не добиете изедначена, мазна смеса.
  • Од оваа смеса одвојте околу ½ шолја (ќе ви биде потребна подоцна), а останатиот дел натапкајте го во тавчето за печење распоредувајќи го рамномерно.
  • Додадете ги половина од сечканите јагоди. Рамномерно распрскајте го нишестето врз нив, потоа сокот од цеден лимон како и 1 лажичка шеќер. Потоа додадете го останатиот дел од јагодите и уште 1 лажичка шеќер.
  • Таа ½ шолја од долната смеса која ја тргнавте настрана употребете ја за да го покриете колачот, односно да ја ставите врз јагодите. Но, погрижете се да ѕиркаат јагоди.
  • Печете од 35 – 40 минути или додека овошјето не стане воздушесто, а овесните снегулки не добијат златна боја и крцкава текстура. Извадете го колачот и оставете добро да се олади.
  • Подгответе го преливот со тоа што ќе го измешајте шеќерот во прав со ванилата и млекото додека не добиете течна и изедначена смеса. Слободно додадете повеќе млеко доколку сметате дека е потребно, ако смесата е прегуста.
  • Исечете го колачот на коцки и прелијте ги со сосот.

* Десертот е одличен и без додавањето на преливот што го прави секако поздрав за консумирање. Доколку имате потреба од повеќе слатко, употребете го и преливот.

Zdrav-desert-so-ovesni-snegulki-i-jagodi (5).jpg

Zdrav-desert-so-ovesni-snegulki-i-jagodi (4).jpg

Zdrav-desert-so-ovesni-snegulki-i-jagodi (3).jpg

Zdrav-desert-so-ovesni-snegulki-i-jagodi (1).jpg

Zdrav-desert-so-ovesni-snegulki-i-jagodi (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за домашна бајадера - кралицата на малите колачи Некои работи никогаш не излегуваат од мода и се пренесуваат од една генерација н...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...

Најчитани неделава