Вкусно мезе за гледање фудбал: Ролат од багет полнет со пилешко и пармезан
Овој рецепт одлично ќе ви дојде во престојниот период. Станува збор за вкусно јадење што можете да го приготвите за вечера, а можете да го јадете во поопуштена атмосфера, на пример додека гледате фудбал пред телевизор.

Можеби ќе ви одземе малку повеќе време, но дефинитивно е мезе за кое нема да се покаете, а гостите ќе бараат уште.
Состојки:
- 1 француски леб – багет
- 100g лебни трошки
- 40g рендан пармезан
- 100g бело брашно
- 2 јајца изматени со малку млеко
- 2 пилешки стека исечени на потенки филети
- 1L сончогледово масло
- 4 тенки парчиња моцарела
- 2 големи лажици маслиново масло
- 3 чешниња лук
- ½ кромид
- 600g доматно пире
- Рендана моцарела
- Босилек
Подготовка:
- Пуштете ја рерната да се загрее на 180 степени Целзиусови.
- Францускиот леб го сечеме на четири делови. Секој од деловите го длабиме со нож и вадиме дел од внатрешноста.
- Во посебни садови ги ставаме лебните трошки, белото брашно и јајцата. Потоа во лебните трошки додаваме уште 40g пармезан и малку сол и ја мешаме смесата.
- Парчињата стек ги подготвуваме за пржење на следниот начин: Секое парче прво го валкаме во брашно и протресуваме за да падне вишокот. Потоа го потопуваме во разматените јајца, па на крај во мешавината од лебни трошки и пармезан при што нанесувањето треба да биде еднакво.
- Стекот го пржиме во добро загреан зејтин околу 3-4 минути, или додека да биде крцкав и целосно испржен.
- Во меѓувреме во друга тава (со капак) го загреваме маслиновото масло. Додаваме лук, кромид и сос од домати, а потоа зачинуваме по вкус. Го ставаме капакот на тавата и готвиме додека сосот да се изедначи. Доколку сосот е премногу кисел на вкус може да додадете малку шеќер.
- Парчињата пилешко ги замотуваме во тенки парчиња моцарела и ги вметнуваме во претходно издлабени парчиња леб.
- Го филуваме лебот со сос од домати и со рендана моцарела.
- Го ставаме да се пече додека состојките да се стопат, или околу 20 минути.
Деталното упатство погледнете го во приложеното видео:
https://www.instagram.com/tv/COvENmADBej/?utm_source=ig_web_copy_link
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за шпагети со кремаст и сочен сос од шери домати, лук и пармезан
Ако сте љубител на паста со лесни, но кремасти и сочни сосови, ова е идеален рец...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ
Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус
Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...