Највкусната чоколадна торта без грам брашно
Оваа чоколадна торта без брашно е одличен десерт без многу калории, но не мора да се храните безглутенски или диетално за да уживате во овој богат чоколаден колач.

Се подготвува лесно и брзо, а го снемува од чинијата уште побрзо:
Потребни состојки:
- 12 лажици стопен путер (плус дополнително за подмачкување)
- 340 g темно чоколадо
- 6 големи јајца
- ½ шолја шеќер
- 1 лажичка екстракт од ванила
- Прстофат сол
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 175ﹾC. Во кружен калап за печење поставете хартија за печење и премачкајте го дното на калапот со малку путер.
- Стопениот путер помешајте го со чоколадото на пареа. Нежно мешајте додека не се соединат и не добиете мазна смеса (втората опција вклучува топење на путерот и чоколадото во микробранова, во интервали од 30 секунди, додека добро не се растопат).
- Тргнете ја смесата настрана малку да се олади. Измешајте ги јајцата, шеќерот, солта и екстрактот од ванилата и мешајте ја смесата од 5-8 минути додека да ја смени бојата, односно стане малку побледа, густа и двојно го зголеми волуменот.
- Додадете 1/3 од оваа смеса во смесата од чоколадо и путер и нежно промешајте. Повторете ја оваа постапка уште 2 пати, додека целосно не ја истурите смесата од јајца во чоколадната. На крајот истурете ја конечната смеса за колачот во калапот.
- Печете од 35 до 45 минути. Извадете го колачот и оставете целосно да се олади. По желба, декорирајте со шлаг, шеќер во прав и сезонско овошје, како малини, капини, јагоди и сл.





(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз
Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Кремаста и сочна Барон торта, со многу чоколадо и малини
Слаткиот вкус на чоколадо во комбинација со кисели малини ја става Барон тортата...
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди
Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Сочен колач со боровинки и бело чоколадо - десерт на кој нема да му одолеете
Овој колач со боровинки и прелив од бело чоколадо е толку вкусен, што секогаш ко...