Мезе за летните седенки со фудбал – помфрит прелиен со чизбургер сос

Гледањето фудбал или летните седенки со најблиските не заборавајте да ги надополните со вкусно месе како овој сочен помфрит од кој нема да престанете да јадете.

meze-za-letnite-sedenki-so-fudbal-pomfrit-prelien-so-chizburger-sos-01.jpg

Ако сте љубител на чизбургер, ова е идеално мезе за вас – растурен чизбургер, односно помфрит прелиен со сочен сос.

Се прави лесно, а секој што ќе го проба ќе посака уште. Лесно се фаќа за непце, а и за срце, па брзо ќе ви остане омилено летно мезе. 

Потребни состојки:

За сос:

  • Неколку лажици мајонез
  • Прстофат бибер
  • 2 лажици бел оцет
  • 2 лажици сенф
  • 1 ½ лажица лук во прав
  • ½ лажица сушена пиперка/буковец/чили
  • ½ лажица сол
  • ½ лажица шеќер

За месото:

  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1kg мелено месо
  • 1 лажица сол
  • 1 лажица бибер
  • 1 лажица црвен пипер
  • 230g крем за готвење
  • Кашкавал

Начин на подготовка:

  • Запржете го кромидот, а потоа додадете го и лукот.
  • Додадете го месото и зачините. Потоа додадете го кремот за готвење и мешајте. Кога ќе биде готово тргнете од оган.
  • Ставете го кашкавалот врз компирите и ставете 1 минута да се стопи.
  • Наредете го одозгора преливот од месото. Одозгора прелијте со сос по желба.

М. М | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сочен семеен ручек: Ќофтиња во сос со растопен кашкавал Ако сакате брз и вкусен, сочен ручек за цело семејство или друштво, вреди да го ...
3 рецепти за лесни и здрави салати, идеални за летните денови Кога не сте расположени за „тешка“ храна, а сепак сакате нешто вкусно што ќе ве ...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...

Најчитани неделава