Рецепт за крем од варени костени – вкусот на есента

recept-za-krem-od-vareni-kosteni-vkusot-na-esenta-01.jpg

Зад називот crème de marrons се крие традиционален француски намаз од костени, кој едноставно мора да го пробате намачкан на палачинки, парче леб или вкусни кекси.

Потребни состојки:

  • 1kg костени
  • 250ml вода
  • 250g шеќер
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • Малку сол

Подотовка:

  • Прво испечете ги костените, па потоа излупете ги.
  • Префрлете ги во тенџере, прелијте со 2-3 прста вода и оставете да зовријат. Варете ги 15 минути на тивок оган, со повремено мешање.
  • Во друг сад помешајте ја водата со шеќерот и гответе на тивок оган, додека не добиете шербет.
  • Костените исцедете ги, ставете ги во бленер и заедно со ¼ од шеќерниот шербет изблендирајте. Може да користите и миксер.
  • Сега добиениот крем префрлете го во остатокот од шербетот, додадете прстофат сол и екстрактот од ванила, па варете со постојано мешање додека кремот не се згусне.
  • Чувајте го кремот во стаклена тегла, на ладно и суво место.

recept-za-krem-od-vareni-kosteni-vkusot-na-esenta-03.jpeg

recept-za-krem-od-vareni-kosteni-vkusot-na-esenta-02.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лиснати кроасани со крем од ф’стаци - По првиот залак ќе барате уште Кремот од ф’стаци последниве години се користи во многу различни рецепти, а мног...
Вкусни ф’стак колачиња, од само 3 состојки - ќе сакате сами да ги изедете сите Овие колачиња од ф’стак се толку вкусни што нема да сакате да ги делите ни со се...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Кремаст Фереро Роше тарт - ќе барате парче плус Се подготвува брзо, со корнфлекс, а токму тој му го дава крцкавиот шмек што го и...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...

Најчитани неделава