Два брзински колачи кои не се печат – идеални за ненајавени гости

Брзите колачиња кои не се печат веројатно се едни од омилените на модерните домаќинки. Може да се пофалат дека направиле нешто домашно, а сепак брзо.

dva-brzinski-kolaci-koi-ne-se-pecat-idealni-za-nenajaveni-gosti-1.jpg

Овие два рецепта ќе ви се најдат кога немате ништо слатко за послужување, а на врата ѕвонат ненајавени гости:

1. Мрзлив чоколаден колач

Потребни состојки:

  • 600ml павлака за готвење
  • 700g чоколадо
  • Омилените бисквити

Подготовка:

  • За почеток, чоколадото се топи, па се меша со изматената павлака во облик на шлаг, додека не се соединат во една смеса.
  • Бисквитите се кршат на ситни парчиња и се додаваат во смесата. Добро промешајте.
  • Префрлете ја добиената смеса во подмачкан калап или обложен со мрсна хартија и замрзнете неколку часа.

dva-brzinski-kolaci-koi-ne-se-pecat-idealni-za-nenajaveni-gosti-2.jpg

2. Домашно Тоблероне

Потребни состојки:

  • ½ шолја путер
  • 2/3 шолја темно чоколадо
  • 1 ½ шолја мелени лешници
  • 1 шолја исечкани лешници
  • 8 лажици вода
  • 1 шолја шеќер во прав

*мерката е шолја од 250ml.

Подготовка:

  • Растопете го шеќерот во водата, па потоа во нив стопете го и путерот. Додајте го чоколадото. Промешајте.
  • Кога чоколадото ќе се растопи, ставете ги и лешниците. Од смесата обликувајте триаголник со помош на алуминиумска фолија.
  • Замрзнете ја смесата неколку часа, па сечете ја на тенки парчиња.

dva-brzinski-kolaci-koi-ne-se-pecat-idealni-za-nenajaveni-gosti-3.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сочен колач со боровинки и бело чоколадо - десерт на кој нема да му одолеете Овој колач со боровинки и прелив од бело чоколадо е толку вкусен, што секогаш ко...
Брза торта со бело чоколадо и бисквити, без печење - ќе барате парче плус Оваа торта од 6 состојки се подготвува за само 10 минути. А кога глазурата од чо...
Кремаста и сочна Барон торта, со многу чоколадо и малини Слаткиот вкус на чоколадо во комбинација со кисели малини ја става Барон тортата...
Кралски готвач го открива омилениот појадок на принцезата Дијана – денес е популарен, здрав и лесен ... Омилениот појадок на принцезата Дијана од пред 30 години, денес е многу популаре...
Во кујна со Сузана Гавазова - Компир манџа по рецепт од мајка ѝ и домашно месено лепче во боја „Растев со мирисот на свежо печено лепче, со звуците од кујната каде мајка ми ти...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...

Најчитани неделава