4 лесни рецепти за плескавички од компир, морков, цвекло и тиквици

Овие плескавици од зеленчук се идеални за ручек, а можете да ги послужите и како предјадење или мезе. Нивната основна состојка е компирот, а можете да ги менувате вкусовите со додавање морков, цвекло или тиквички.

vkusno-i-bez-meso-pleskavici-od-kompir-i-dodatoci-od-drugi-zelenchuci-01.jpg

Погледнете во продолжение како да ги подготвите овие вкусни плескавички без месо.

Потребни состојки (за основната смеса само со компири):

  • 2 поголеми јајца
  • Сол и црн бибер
  • 1kg компири
  • 2 главици кромид со средна големина
  • 100g презла
  • 8 големи лажици маслиново масло

Начин на подготовка:

  • Во длабок сад се мешаат јајцата, 1 голема лажица сол и ¼ кафена лажица црн бибер.
  • Во процесор за храна со крупно ренде (или од крупната страна на рачно ренде) се рендаат компирите и кромидот
  • Изренданиот зеленчук се додава во јајцата и се меша.
  • Се додава презла и се меша додека не се добие изедначена смеса.
  • Во тава со нелепливо дно се ставаат две големи лажици маслиново масло и се става да се загрее на средна температура.
  • Се вади по една лажица од смесата со компири и се става да се пржи. Со лажица или со шпатула се порамнуваат за да добијат облик на плескавици.
  • Плескавиците се пржат од двете стани додека не станат крцкави, околу 4 до 6 минути од секоја страна (зависно од плотната).
  • Готовите плескавици се редат во чинија обложена со хартија за да се исцедат од маслото.
  • Оваа постапка се повторува сè додека не се потроши целата смеса. По потреба може да се додава масло во тавата, а кога ќе се дојде при крај со смесата, вишокот течност се фрла.

4-lesni-recepti-za-pleskavichki-od-kompir-morkov-cveklo-i-tikvici-02.jpg

Доколку сакате можете да пробате поинакви вкусови, ако додадете по половина цвекло, морков или тиквици.

Во тој случај, наместо 1kg компири, ќе ви биде потребно 500g компири и уште 500g моркови, цвекло или тиквици.

Важно е цвеклото, морковите или тиквичките да ги измиете и да ги излупите, а потоа се рендаат заедно со компирот и кромидот.

Постапката за подготовка на плескавиците е иста.

4-lesni-recepti-za-pleskavichki-od-kompir-morkov-cveklo-i-tikvici-03.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за крцкави чипс тиквички – печени во рерна со тајна состојка Направете си го сами омиленото летно мезе, крцкави чипс тиквички од рерна – без ...
Фритата со тиквички и кашкавал - вкусен оброк што се топи во уста Фритата е вид потпечена кајгана, со додатоци по вкус. Овој пат ви нудиме рецепт ...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за најубавата пролетна крем салата – ќе се вљубите од прво залче Кремаста и свежа истовремено, се прави со краставици и моркови излупени на ленти...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...

Најчитани неделава