Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Два брзи и лесни рецепти кои вреди да ги послужите на посната трпеза за Св. Никола

Редена торта со бисквити и вишни

Потребни состојки:

  • 800 g посни бисквити;
  • 200 ml сок од портокал за потопување на бисквитите;
  • 1,5 l негазиран сок од портокал;
  • 6 пудинзи од ванила;
  • 300 g посна чоколада за готвење;
  • 4 лажици масло за јадење;
  • 250 g маргарин;
  • 500 g вишни;
  • 350 g шеќер;
  • 5 лажици шеќер во прав;
  • 300 ml посен шлаг за премачкување на тортата;
  • Слатко од цреши или вишни за декорација.

Начин на подготовка:

  • Во тенџере на оган се загрева 1 l од сокот од портокал на средна температура.
  • Во сад на страна се меша 200 ml сок од портокал, 100 g шеќер и 4 пудинзи од ванила. Оваа смеса се додава во сокот од портокал и се вари густ пудинг.
  • Пудингот се покрива со хартија за свежа храна и се остава да се олади во целост, а воедно да не добие кора на површината.
  • Кога комплетно ќе се излади, филот се мати со миксер и се додава и маргаринот. Филот се мати сè додека во целост не се соединат и двете смеси.
  • Во тенџере на оган се ставаат преостанатите 200 ml сок од портокал и се додава преостанатиот шеќер, а во 100 ml сок од портокал се додаваат два пудинзи од ванила и се мешаат.
  • Филот се готви сè додека не се соедини во целост, а потоа се остава да се олади.
  • Во блендер се става филот и вишните и се мати додека не се добие изедначена смеса.
  • Бисквитите се потопуваат во сок од портокал и се редат во голем плех.
  • Кога ќе се наредат неколку реда бисквити, истите се премачкуваат со чоколадо и се оставаат во ладилник да се стегнат.
  • Потоа врз нив се премачкува еден слој од жолтиот и еден слој од црвениот фил.
  • Постапката се повторува сè додека не се потрошат сите состојки (бисквити и филови).
  • Тортата се декорира со изматен посен шлаг и слатко од вишни или цреши.
  • Доколку не најдете посен шлаг премачкајте ја целата торта со растопена посна чоколада.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Посна проја со праз - рецепт кој им успева на сите Ако сте љубител на проја, а постите - пробајте го овој рецепт кој е лесен за под...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Посна мусака со печурки и зеленчук - вкусен ручек за целото семејство Сите ја знаеме класичната варијатна на мусака - мелено месо, компири, прелив од ...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Лисната пита со крушки и цимет - одличен зимски десерт Додека трае сезоната на круши, лесно и брзо можете да подготвите еден поинаков д...
Колач со вишни, по рецептот на нашите баби Ако носталгијата има мирис и вкус, тогаш сигурно потсетува на колачот со вишни ш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg