Два брзи и лесни рецепти кои вреди да ги послужите на посната трпеза за Св. Никола
Редена торта со бисквити и вишни
Потребни состојки:
- 800 g посни бисквити;
- 200 ml сок од портокал за потопување на бисквитите;
- 1,5 l негазиран сок од портокал;
- 6 пудинзи од ванила;
- 300 g посна чоколада за готвење;
- 4 лажици масло за јадење;
- 250 g маргарин;
- 500 g вишни;
- 350 g шеќер;
- 5 лажици шеќер во прав;
- 300 ml посен шлаг за премачкување на тортата;
- Слатко од цреши или вишни за декорација.
Начин на подготовка:
- Во тенџере на оган се загрева 1 l од сокот од портокал на средна температура.
- Во сад на страна се меша 200 ml сок од портокал, 100 g шеќер и 4 пудинзи од ванила. Оваа смеса се додава во сокот од портокал и се вари густ пудинг.
- Пудингот се покрива со хартија за свежа храна и се остава да се олади во целост, а воедно да не добие кора на површината.
- Кога комплетно ќе се излади, филот се мати со миксер и се додава и маргаринот. Филот се мати сè додека во целост не се соединат и двете смеси.
- Во тенџере на оган се ставаат преостанатите 200 ml сок од портокал и се додава преостанатиот шеќер, а во 100 ml сок од портокал се додаваат два пудинзи од ванила и се мешаат.
- Филот се готви сè додека не се соедини во целост, а потоа се остава да се олади.
- Во блендер се става филот и вишните и се мати додека не се добие изедначена смеса.
- Бисквитите се потопуваат во сок од портокал и се редат во голем плех.
- Кога ќе се наредат неколку реда бисквити, истите се премачкуваат со чоколадо и се оставаат во ладилник да се стегнат.
- Потоа врз нив се премачкува еден слој од жолтиот и еден слој од црвениот фил.
- Постапката се повторува сè додека не се потрошат сите состојки (бисквити и филови).
- Тортата се декорира со изматен посен шлаг и слатко од вишни или цреши.
- Доколку не најдете посен шлаг премачкајте ја целата торта со растопена посна чоколада.
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
3 рецепти за лесни и здрави салати, идеални за летните денови
Кога не сте расположени за „тешка“ храна, а сепак сакате нешто вкусно што ќе ве ...
Брза пита со готови кори - им успева и на тие што не се вешти во кујна
Ако сте од оние жени (или мажи) што не се многу вешти во кујна, а сепак ви се ја...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Во кујна со Весна од Кичево: Домашна пита со праз и сукани кори
Сукано тесто без квасец, пита што се подготвува многу лесно, по рецептот на Маке...
Вкусна пита со боровинки и лимон
Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба
Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...