Со години правам бадниково лепче со паричка, меко како душа – вреди да го пробате рецептот

Одзема ли многу време да се замеси и да се испече лепче со паричка? Вреди ли сами да месите или сепак е подобро да отидете до продавница и да купите?

recept-za-lepche-za-badnik-so-parichka-kolku-vreme-potroshiv-za-da-go-podgotvam-01.jpg

Лепче со паричка за Бадник може да се најде во секоја продавница или маркет, но традицијата вели дека тоа треба да се приготви дома.

Ова е мојот рецепт за лепче со паричка што го користам секоја година, успева секогаш, а не одзема премногу време.

Бадник отсекогаш, барем за мене, бил еден од најубавите празници. Тоа е денот кога домот мириса на прекрасна храна, семејството е на купче, а дополнително задоволство е и ако ми се падне паричката.

Па и на толку труд со готвење и месење, заслужувам нели?!

Во продолжение погледнете лесен рецепт за лепче со паричка, а одлуката е ваша дали ќе се обидете сами да го замесите или ќе одите да купите од продавница.

Сѐ на сѐ, за подготовка на лепчето потрошив малку повеќе од 2 часа, но со оглед на тоа што околу еден час од тоа време го поминав во чекање (да стаса тестото) успеав да се опуштам и да изгледам и некоја епизода од серијата.

Сепак вкусот и мирисот на домашно лепче е незаменлив, нели?

Еве како изгледаше процесот на подготовка:

Потребни состојки:

  • 200ml млака вода
  • 5g сол (мала рамна лажичка)
  • 5g шеќер (мала рамна лажичка)
  • 10g свеж квасец
  • 450g брашно (дополнително за набрашнување на работната површина и плехот)

Начин на подготовка:

  • Во длабок сад се става млака вода, а потоа се додава сол и шеќер. Се меша со лажица додека солта и шеќерот не се стопат.
  • Во растворот се додава квасец и се меша додека не се добие еднаква смеса. 

    recept-za-lepche-za-badnik-so-parichka-kolku-vreme-potroshiv-za-da-go-podgotvam-02.jpg

  • Брашното се додава постепено во водата со квасецот и се меша, за да не се направат грутки.
  • Се замесува меко тесто, кое не треба да се лепи на прстите.
  • Замесеното тесто се посипува со малку брашно, се покрива со крпа и се остава да отстои 20-тина минути на собна температура. 

    recept-za-lepche-za-badnik-so-parichka-kolku-vreme-potroshiv-za-da-go-podgotvam-03.jpg

  • Тестото се вади на набрашнета површина.
  • Паричката претходно се мие и се обложува со алуминиумска фолија и се вметнува во тестото кое потоа се обликува во форма на лепче. 

    recept-za-lepche-za-badnik-so-parichka-kolku-vreme-potroshiv-za-da-go-podgotvam-04.jpg

  • Готовото лепче се става на набрашнет плех и се остава да стаса околу 50 до 60 минути на собна температура.
  • Во меѓувреме рерната се загрева на температура од 200 степени Целзиусови.
  • Стасаното лепче се пече на температура од 200 степени околу 30 до 35 минути или додека не добие златно кафеава боја. Притоа, рерната треба да биде вклучена само со горен и долен грејач, без вентилатор.
  • Откако ќе се испече лепчето, се покрива со чиста крпа и се остава да се олади.

    recept-za-lepche-za-badnik-so-parichka-kolku-vreme-potroshiv-za-da-go-podgotvam-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за домашна бајадера - кралицата на малите колачи Некои работи никогаш не излегуваат од мода и се пренесуваат од една генерација н...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...

Најчитани неделава