Однадвор крцкави, внатре меки - Мини тортички од компири со путер

Однадвор крцкаво, внатре меко и вкусно. Овие мини-тортички од компир совршено ќе се вклопат со кое било месо на масата, а можете да ги подготвите и како предјадење.

nadvor-krckavi-vnatre-meki-sovrsheni-za-meze-ili-kako-dodatok-mini-tortichki-od-kompiri-so-puter-01.jpg

Сè што треба да знаете е да пасирате компир и да направите купчиња со кеса за филување.

Тие ќе бидат совршена замена за пире или печени компири.

Потребни состојки:

  • 1 kg компири;
  • 3 жолчки од големи јајца;
  • 3 големи лажици млеко;
  • 2 големи лажици путер;
  • 1 мала лажичка сол;
  • ¼ мала лажичка црн бибер;
  • Прстофат мелено морско оревче;
  • 1 големо јајце изматено (за премачкување). 

Начин на подготовка:

  • Компирите се лупат и се мијат, па се ставаат во длабоко тенџере, во кое се додава вода додека во целост не бидат покриени.
  • Тенџерето се става на оган и кога водата ќе почне да врие, температурата на ринглата се намалува, а компирите покриени се оставаат да се варат уште 15 до 20 минути или додека не омекнат.
  • Компирите се процедуваат и се мијат со ладна вода додека не се оладат.
  • Рерната се загрева на 200 степени Целзиусови.
  • Компирите се ставаат во длабок сад и се пасираат додека не се добие пире без грутки.
  • Во пирето се додаваат жолчките од јајца, млекото, путерот, солта, биберот и морското оревче.
  • Плехот за печење се обложува со хартија за печење.
  • Со кеса за филување и врв со поголем отвор се прават шест купчиња од смесата од компири.
  • Готовите купчиња се премачкуваат со изматено јајце и се ставаат да се печат во рерна на температура од 200 степени Целзиусови околу 20 до 25 минути или додека не добијат златно кафеава боја.

Погледнете го деталниот начин на подготовка во приложеното видео:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мини палачинки во форма на цвет, со јагоди и банани - децата ќе ги обожаваат Ако сакате да им подготвите појадок на децата кој ќе го обожаваат, направете им ...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Здрави Сникерс бомбици – се прават за 5 минути кога немате благо дома Здрави енергетски бомбици кои се експлозија од вкусови кои потсеќаат на Сникерс ...
Во кујна со Сузана Гавазова - Компир манџа по рецепт од мајка ѝ и домашно месено лепче во боја „Растев со мирисот на свежо печено лепче, со звуците од кујната каде мајка ми ти...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...

Најчитани неделава