Тајната е во шербетот: Ролат баклава со ореви, цимет и сируп од мед

Баклавата е традиционално јадење на нашите простори, но многумина ја избегнуваат заради големото количество шеќер. Погледнете како да подготвите здрава баклава, која ќе ја прелеете со сируп од мед.

tajnata-e-vo-sherbetot-baklava-rolnichki-so-orevi-i-cimet-i-sirup-od-med-01.jpg

Овие баклава ролнички внатре имаат цимет, мед и ореви, а речиси и да немаат воопшто шеќер. Се подготвуваат мошне лесно, а ќе можете во нив да уживате без грижа на совеста затоа што сте претерале со нездрави шеќери.

Погледнете во продолжение како да ја подготвите оваа здрава баклава.

Потребни состојки:

  • 250 g мелени ореви;
  • 50 g шеќер;
  • 2 чајни лажички цимет во прав;
  • 12 листови готови кори;
  • 120 g путер;
  • 120 g мед;
  • 120 ml вода;
  • 1 супена лажица сок од лимон.

Начин на подготовка:

  • Рерната се загрева на 200 степени Целзиусови. Во подлабок сад се мешаат оревите, шеќерот и циметот.
  • Една готова кора се става врз лист хартија за печење и се премачкува со путер.
  • Врз неа се става уште една кора и се премачкува со путер. Врз двете кори се става околу 30 грама од филот со ореви, шеќер и цимет.
  • Со помош на хартијата за печење се витка долг ролат и се става на претходно премачкан плех за печење.
  • Со нож, долгиот ролат се засекува на четири еднакви парчиња.
  • Готовите ролати се ставаат да се печат на температура од 200 степени Целзиусови околу 14 до 16 минути, или додека да добијат светло кафеава боја.
  • Кога се готови, се вадат од рерна и се остават да се оладат.
  • Во тенџере се мешаат медот, водата и сокот од лимон и се ставаат на оган.
  • Кога ќе почне да врие сирупот се остава да се вари уште пет минути, а потоа се трга од оган и се остава да се лади 10 минути.
  • Баклава ролните се посипуваат со сирупот и се декорираат со остатокот од филот со ореви.

Деталното упатство за подготовка погледнете го во видеото:

/

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Домашни сникерс колачи со урми, без печење Некои слатки задоволства се подготвуваат за час, а овие сникерс колачи со урни с...
Вкусни крофнички за цело семејство, по рецепт на Данче Ова е рецепт со кој најлесно и без промашување ќе си направите домашни, вкусни к...
Сите „полудеа“ по виралниот јапонски чизкејк - Дали вреди да се проба? Невозможно е да имате социјални мрежи, а ниеднаш да не сте го виделе рецептот за...
Во кујна со Ангела (25) од Кочани: Рецепт за баклава со чоколаден фил и ореви 25-годишната Ангела од Кочани сподели рецепт за нејзиното височество, баклава, к...
Рецепт за баклава полнета со Нутела и лешници – најдобрата што ќе ја пробате Традиционална баклава, но полнета со многу Нутела и ситно сечкани лешници – веро...
Рецепт за кремаста макарони салата – идеална за пролетни собиранки За празниците или за обични пролетни собиранки со друштво, оваа кремаста салата ...

Најчитани неделава