Хит рецепт на ТикТок – потпечени лепчиња со грчки јогурт, мед и овошје (видео)

Ако наутро не ви се троши многу време во кујна, а сепак сакате хранлив и вкусен појадок, можеби ќе ви се допадне едноставниот рецепт што периодов го освои ТикТок.

vkusen-i-ednostaven-pojadok-od-tiktok-dvopek-so-grchki-jogurt-med-i-ovoshje-video-01.jpg

Станува збор за благ оброк со двопек и грчки јогурт што изгледа превкусно. А, за да го направите ќе ви требаат само 10-тина минути.

Потребни состојки:

  • 2 парчиња леб
  • 1 јајце
  • 2 лажици грчки јогурт
  • 1 лажичка мед
  • Малку цимет
  • Овошје по желба (како јагоди или малини)

Начин на подготовка:

  • Во сад ставете ги јајцето, грчкиот јогурт, медот и цимет и добро измешајте ги за да добиете хомогена смеса.
  • На двете парчиња леб направете мали вдлабнатини со помош на лажица.
  • Истурете ја смесата во вдлабнатината и наредете го овошјето.
  • Печете во загреана рерна од 8 до 10 минути.
  • По печењето можете да додадете уште малку мед или шеќер во прав доколку сакате.

Начинот на подготовка можете да го погледнете на видеото во продолжение:

@good.food.gang tried the viral yogurt custard toast and it did not disappoint ??? #goodfoodgang #yogurttoast #custardtoast #healthybreakfastideas #crunchysnacks ♬ Breakin my heart - speedaudiios_

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...

Најчитани неделава