Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Хит рецепт: Подгответе сами крцкав чипс од компири во Air Fryer

Домашен и здрав чипс од компири - звучи приамливо нели? За подготовка на овој вкусен чипс ќе ви бидат потребни само компири, сол и малку масло за јадење, а можете да ги зачините по сопствен вкус. 

hit-recept-podgotvete-sami-krckav-chips-od-kompiri-vo-air-fryer-01.jpg

Кај нас сè попопуларна станува храната подготвена во апарат за готвење со топол воздух (Air Fryer). Во нашите продавници овие уреди се достапни за секого, а ова е еден рецепт за вкусен чипс што можете да го подготвите сами.

Подготовката на чипс со апарат за готвење со топол воздух е мошне брза, нема да имате потреба од многу масло, а ќе добиете вкусни, крцкави и здрави грицки.

Освен тоа, самите ќе одлучите за тоа колку сол и зачини да додадете, а можете да ги сервирате со сос што веќе го имате во домот.

Состојки:

  • 1 голем компир
  • 1 лажица масло за јадење
  • Сол, зачини по желба

Начин на подготовка:

  • Компирите се лупат и се мијат, а потоа со ренде или со обичен нож се сечат на тенки крукчиња. Колку се потенки, толку покрцкав чипс ќе се добие;
  • Компирите се потопуваат во ладна вода околу 15 минути.
  • На чиста крпа или на хартиена салфета се распоредуваат крукчињата компири и се пребришуваат со друга крпа.
  • Откако ќе се исушат, во еден сад компирите се попрскуваат со малку масло за јадење, со распрскувач или рачно.
  • Компирите се посолуваат и се зачинуваат по вкус
  • Aпаратот за готвење со топол воздух се пушта да се загрее на температура од 100 степени Целзиусови.
  • Се распоредува рамномерен слој компири во апаратот и се печат на температура од 100 степени Целзиусови од 15 до 20 минути, а потоа температурата се зголемува на 200 степени Целзиусови и се печат уште 3 до 5 минути за да станат покрцкави.
  • На секои 5 минути потребно е компирите да се превртуваат за да се испечат рамномерно.
  • Кога чипсот ќе добие златно жолта боја, се вади од апаратот за готвење со топол воздух.

Подетално упатството за подготовка можете да го проследите во приложеното видео:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вкусен колач со боровинки и лимон Ако немате свежи боровинки можете да користите и смрзнати, но вкусот на колачот ...
Мрсна торта со вкус на тиква – домот ќе ви мириса како кај баба на гости Традиционалните мрсни торти секогаш ни будат доза носталгија од деновите поминат...
Колач медено срце - посен десерт чиј вкус потсетува на детството Брз, едноставен и со вкус кој ќе ви врати носталгија - колачот Медено срце е нав...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Ролат со спанаќ и пршута - ќе барате парче плус Ролатот со спанаќ има неколку различни варијанти, а ние овој пат го споделуваме ...
Предлог ручек: Орзо со пилешко и грашок Ако не знаете што да зготвите за ручек, пробајте го овој брз и вкусен рецепт - о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg