Најсочните похувани копани полнети со компир и кашкавал – прсти да излижете

Гарантираме дека повкусни копани кои толку лесно се вадат од коска и се топат во уста – не сте јаделе.

najsochnite-pohuvani-kopani-polneti-so-kompir-i-kashkaval-prsti-da-izlizhete-1.jpg

За љубителите на похувани јадења и комбинација од месо, кашкавал и компир – го имаме рецептот за вас.

Вреди да се проба овој ручек и да го подготвите за најблиските. Верувајте, прсти ќе излижете!

Потребни состојки:

За месото:

  • 4 лажици маслиново масло
  • 6 копани без кожа
  • 100ml бело вино
  • 200ml пилешки бујон
  • 2 рузмарин
  • 4 чешниња лук, излупен
  • 3 компири
  • 230g рендано моцарела сирење, или кашкавал
  • Сол и бибер

За похување:

  • 300g брашно
  • 1 лажичка црвен пипер
  • 1 лажичка сенф во прав (или други зачини по желба)
  • 3 јајца, изматени
  • 150g лебни трошки

Начин на подготовка:

  • Зачинете ги копаните со сол и бибер и запржете ги на тавче.
  • Истурете го белото вино и гответе 3-4 минути.
  • Додадете го бујонот, рузмаринот и чешнињата лук. Поклопете со капак и оставете да се динста 45 минути.
  • Намачкајте ги компирите со маслиново масло и замотајте ги во алуминиумска фолија, па така ставете ги да се печат на 200°С еден час.
  • Извадете ги коските и исечкајте го месото ситно (може и со миксер или сечко), а коските чувајте ги настрана.
  • Измешајте ги пилешкото месо со исечканите компири, зачини и кашкавал или моцарела и соединете ја смесата.
  • Земете топчиња од смесата, сплескајте ги на рака, во средина поставете по една коска и замотајте повторно во форма на копани. Оставете да се оладат.
  • Измешајте ги брашното и зачините за похување во еден сад, а во други два ставете ги посебно измаатените јајца и лебните трошки.
  • Копаните потопете ги во сите три сада со следниот распоред – брашно, јајца, лебни трошки.
  • Испржете ги копаните во повеќе загреан зејтин додека не станат златно-кафеави.

Видео постапка:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Домашни меки кифлички, со кашкавал и сланина Овие кифлички е совршено меки и вкусни, што нема да сакате да почекате ни да се ...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
Рецепт за летен ручек: Потпечени модри домати со мелено месо и кашкавал Направете си превкусен и лесен ручек за топлите летни денови – редени модри дома...
Лесна салата со кремаст сос и крцкави компири - одлична и како прилог и како главно јадење Крцкави компири, прелив од јогурт и мајонез, со микс од неколку билки и видови з...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...

Најчитани неделава