Рецепт на денот: Домашна „лења пита“ со јаболка
Печените јаболка се мошне вкусни, а овој рецепт за мрзлива, односно „лења“ пита како што е попозната - ќе ги освои сите.

Тајната на оваа пита е во карактеристичното тесто што се подготвува само со путер, јајца и брашно, а може да ја подготват и оние што немаат огромно искуство со подготвувањето десерти.
Готовата пита можете да ја сервирате со топка сладолед и да ги изненадите блиските или гостите.
Потребни состојки:
За тесто:
- 1 јајце;
- 80g шеќер;
- 280g брашно;
- 5g прашок за печиво;
- 100g путер.
За фил:
- 500g јаболка;
- 100g шеќер;
- 30g путер;
- 5g цимет.
Начин на подготовка:
- Рерната се загрева на 180 степени Целзиусови.
- Јаболката се мијат и се сечкаат на коцки, при што се отстранува средишниот дел.
- Во длабок сад се става јајцето и шеќерот и се мати со миксер додека не се добие пенеста смеса.
- Се додаваат стопениот путер, брашното и прашокот за печиво и со раце се меша додека да се добие густа смеса која наликува на тарана.
- Во плех за пита се става половина од готовото тесто и се притиска со чаша.
- Во нелепливо тавче се става шеќер да се стопи и се додава путер.
- Се додаваат исчистените јаболка да се пропржат заедно со стопениот шеќер и путерот и се зачинуваат со цимет.
- Јаболката се пржат околу 10-тина минути, или додека да омекнат, а потоа се распоредуваат врз готовата кора во плехот.
- Со преостанатото тесто се покрива питата и се става да се испече на температура од 180 степени Целзиусови околу 30 минути или додека да добие златно-кафеава боја.
Видео упатство:
/Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто
Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири
Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...