Посна алва и уште 6 модерни рецепти за велигденскиот пост
Супа од домати со босилек
Потребни состојки:
- 1 голема лажица маслиново масло или лажица вода за динстање;
- 1 средна главица кромид (исечкана);
- 3 големи чешниња лук (ситно исечкани);
- 1.4kg сечкани свежи домати;
- 1 рака свеж босилек;
- 2 лажички сол (или по вкус);
- 1 мала лажичка црн бибер.
Начин на подготовка:
- Во подлабок сад кромидот и лукот се динстаат на вода додека да станат златни (или се пропржуваат на масло).
- Се додаваат сечкани домати и се оставаат да се готват на средна температура со повремено мешање, сè додека доматите не се распаднат и не станат меки.
- Тенџерето се трга од оган.
- Се додава босилек, сол и пипер и се пасира со рачен блендер додека не добиете изедначена смеса.
- Супата се сервира топла.
Полнети печени компири
Потребни состојки:
- 1kg компир;
- 1 морков;
- 1 главица кромид;
- 4 лажици буковец;
- 1 црвена пиперка.
Начин на подготовка:
- Компирот се мие и благо се вари во посолена вода додека не биде речиси готов. Потоа се лупи, се сече на половина и средината се издлабува, а остатоците се собираат во посебен сад.
- Во тавче со загреано масло се става исечкан кромид и морков. Се додава ситно исечкана пиперка и сè се динста заедно.
- Доколку не користите масло, зеленчукот може да го динстате со една лажичка вода, a целта е зеленчукот да омекне.
- Во оваа смеса се додава буковец и остатоците од средината на компирот и сè добро се меша.
- Издлабените компири се полнат со оваа смеса и се редат на плех.
- Полнетите компири се печат во претходно загреана рерна на температура од 180 до 190 степени Целзиусови додека не добијат златно-кафеава боја.
Пролетно ризото од тестенини
Потребни состојки:
-->
-->
- 3 до 4 лимони;
- 225gr тестенини во вид на ориз;
- половина главица сечкан кромид;
- 2 големи лажици масло;
- 1 супена лажица сенф;
- ½ мал лажица сол;
- ½ мала лажица црн бибер;
- 200gr смрзнат или свеж грашок (сварен);
- 50gr сечкани бадеми (потпечени);
- сечкани свежи зачини (магдонос или нане).
Начин на подготовка:
-->
- Се ренда кората од лимонот додека да добиете околу 2 супени лажици.
- Лимоните се сечат и се цедат додека да добиете течност од околу 100 ml.
- Тестенините се подготвуваат според упатството на амбалажата.
- Во длабок сад се мешаат кромидот, сенфот, зачините, маслиновото масло, сокот од лимон и се ставаат во ладилник околу 1 час.
- Тестенините во вид на ориз се мешаат со грашок, бадеми и сечкани зачини и се прелеваат со претходно подготвениот сос и со кора од лимон.
Сочен попарен колач со лешници и суво грозје
Потребни состојки:
- 4 филџани (од 80 ml) гриз;
- 4 филџани брашно;
- 5 филџани вода;
- 2 филџани кисела вода;
- 2 филџани шеќер;
- 1 кесичка ванилин шеќер;
- 1 кесичка прашок за печиво;
- 100 g мелени лешници;
- 100 g суво грозје.
За сируп:
- 6 филџани шеќер;
- 5 филџани негазиран сок од портокал.
Начин на подготовка:
- Сувото грозје се остава да отстои 15-тина минути во врела вода, па се прецедува.
- Во подлабок сад се мешаат гризот, брашното, прашокот за печиво, шеќерот и ванилин шеќер и се мешаат со лажица. Се додаваат мелените лешници и сувото грозје и сите состојки се мешаат.
- Водата и киселата вода се мешаат во друг сад и сувите состојки се прелеваат со неа. Смесата се меша додека не се соедини.
- Во претходно обложен плех со хартија (или во премачкан калап за куглов) се става готовото тесто и се става да се пече во претходно загреана рерна на температура од 170 степени Целзиусови околу 30 минути. Со чепкалка за заби се проверува дали колачот е испечен, а кога ќе биде готов се вади да се олади.
- Во тенџере на рингла се ставаат шеќерот и сокот од портокал да зовријат. Оладениот колач се става во друг поголем сад и се трга хартијата за печење, се сече на коцки (или парчиња ако печете во калап), па се прелева со врелиот сируп.
- Колачот треба да се остави да се олади и да го впие сирупот, а потоа може да се сервира.
Б. С. Б. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...

Предлог рецепти за божиќните пости – вкусни оброци без месо
Што да јадете кога постите? Подгответе некои од овие вкусни рецепти, што ќе ви д...

Принцес ролат - побрза варијанта на принцес крофни
За сите љубители на принцес крофните имаме одличен рецепт за десерт - принцес ро...

Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет
Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...

Пица кроасани од лиснато тесто, готови за 30 минути
Одлични се и за ужинка и за вечера, но и да ги направите кога ќе ви се најават г...

Колач медено срце - посен десерт чиј вкус потсетува на детството
Брз, едноставен и со вкус кој ќе ви врати носталгија - колачот Медено срце е нав...
-->