Идеја за брз и едноставен појадок: Тост со авокадо и рендано јајце (видео)
Намачкајте го испасираното авокадо на парче тост и изрендајте јајце. Резултатот ќе ве изненади.

Ова е идеја за брз и едноставен појадок, што ќе го подготвите само за неколку минути. Ренданото јајце му дава посебен вкус на тостот, а на овој начин жолчката нема да биде премногу тешка за консумирање.
Блогерката Сара Томас Дроубау објави видео на ТикТок во кое го подготвува овој популарен рецепт, а како што вели не очекувала дека тостот со авокадо може да биде толку вкусен додека не го пробала овој начин на подготовка.
Потребни состојки:
- 1 парче леб;
- ½ авокадо;
- маслиново масло;
- 1 тврдо варено јајце (излупено);
- Сол, зачини.
Начин на подготовка:
- Парчето леб се потпекува во тостер;
- Авокадото се пасира и се разнесува рамномерно на целиот тост;
- Авокадото се попрскува со малку маслиново масло и се зачинува со сол и зачини;
- Изрендајте го тврдо вареното јајце и појадокот е готов.
Видео упатство:
@feelgoodfoodie This grated egg avocado toast idea from @Sarah Thomas-Drawbaugh is GRATE! #gratedegg #gratedeggtoast #avocadotoast ♬ original sound - Feel Good Foodie
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто
Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири
Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...