Најлесната редена чоколадна торта со бисквити и инстант кафе (видео)

Ова е лесен рецепт за чоколадна торта со редени бисквити што не се пече. 

brzo-i-ednostavno-najlesnata-redena-chokoladna-torta-so-biskviti-i-instant-kafe-01.jpg

Рецептите за торти со редени бисквити ги сакаме сите затоа што се мошне лесни за приготвување и за нив не ви требаат некои посебни вештини.

Ова е торта што можете мошне лесно да ја подготвите и тоа од состојки што веќе најверојатно ги имате дома. Доколку не сакате да користите инстант кафе, можете бисквитите да ги потопувате во топла чоколада или претходно сварено какао.

Ова ќе биде одличен избор за торта што може да ја послужите доколку очекувате гости на кафе или едноставно сакате да ги почестите најблиските со некој десерт, а не сакате да останете цел ден во кујна.

Потребни состојки:

  • 250g бисквити;
  • 80g темна чоколада;
  • 120ml млеко;
  • ½ лажичка инстант кафе;
  • 1 голема лажица какао во прав;
  • 80ml вода;
  • 1 голема лажица шеќер.

Начин на подготовка:

  • Водата се загрева на средна температура (како за инстант кафе);
  • Во подлабок сад се префрла водата, се додава инстант кафе и се меша додека гранулите да се стопат;
  • Во тенџере се става млекото, какаото и се меша додека не се добие изедначена смеса без грутки.
  • Во какаото и млекото се додава една лажица шеќер и тенџерето се става на рингла на средна температура - да зоврие со постојано мешање;
  • Кога ќе зоврие смесата се додаваат коцките чоколада и се меша смесата додека состојките се соединат во целост;
  • Секој од бисквитите се потопува во кафето и се реди на претходно обложен плех со алуминиумска фолија;
  • Првиот ред бисквити се прелева со чоколадниот фил;
  • Постапката се повторува сѐ додека не се потрошат сите состојки, при што последниот ред треба да биде со чоколаден фил;
  • Готовата торта се прекрива со алуминиумска фолија и се остава во ладилник од 3 до 4 часа.

Видео упатство:

https://www.instagram.com/tv/CbYa8nJA-qo/?utm_source=ig_web_copy_link

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за турска бисквит торта со чоколаден прелив – се топи во уста Најубавата и најсочната бисквит торта со бел крем, чоколаден прелив и вкус на ка...

Најчитани неделава