Традиционален италијански рецепт за совршено сочно јагнешко месо од рерна

За Велигден традиционално се подготвува јагнешко месо, а според Италијанците ако имате квалитетно месо, потребни ви се само неколку зачини за да добиете сочен оброк за празничната трпеза.

tradicionalen-italijanski-recept-za-sovrsheno-sochno-jagneshko-meso-od-rerna-01.jpg

Печениот јагнешки бут, или на италијански познат како abbacchio, традиционално за велигденските празници се подготвува во Рим и во околината.

Рецептот е погоден за подготовка во рерна, а потребни ви се само неколку зачини за да добиете сочен оброк.

Начин на подготовка:

  • 1 јагнешки бут со тежина од 1,5kg;
  • 2-3 гранчиња рузмарин;
  • 2-3 страка млад лук;
  • 1 чаша бело вино;
  • 1 ловоров лист;
  • Сол и црн бибер (по вкус);
  • Маслиново масло.

Начин на подготовка:

  • Рерната се загрева на 180 степени Целзиусови;
  • Месото се засекува на парчиња, се става во плех за печење и се додава ситно исечкан млад лук, рузмарин и ловоров лист;
  • Месото се посолува и се зачинува со црн бибер, па се прелева со 5 лажици маслиново масло и чаша бело вино;
  • Вака подготвеното месо се става да се пече во рерна на температура од 190 степени Целзиусови околу 50 минути;
  • Месото се вади од рерната и со лажица се мешаат зачините околу него, па се прелева со течноста што е околу месото;
  • Доколку сакате, во овој чекор можете да додадете и компир исечкан на коцкички;
  • Месото се враќа во рерна и се пече на истата температура додека не добие златно кафеава боја.

tradicionalen-italijanski-recept-za-sovrsheno-sochno-jagneshko-meso-od-rerna-02.jpg.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сочен семеен ручек: Ќофтиња во сос со растопен кашкавал Ако сакате брз и вкусен, сочен ручек за цело семејство или друштво, вреди да го ...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...
Рецепт за летен ручек: Потпечени модри домати со мелено месо и кашкавал Направете си превкусен и лесен ручек за топлите летни денови – редени модри дома...
Домашен ручек за почетници: Рецепт за ориз и пилешки копани во рерна Ако не сте вешти во кујна, а сакате домашен ручек, овој рецепт ќе ви заврши рабо...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...

Најчитани неделава