Викенд рецепт: Чизкејк со прелив од шумско овошје (видео)
Тортите со благо сирење, односно т.н. чизкејк десерти се едни од омилените во светот. Постојат голем број варијанти на чизкејк, а ова е рецепт што се подготвува со прелив од смрзнато или свежо шумско овошје.

За овој рецепт најмногу време ќе ви одземе подготовката на филот, и единствена негативна страна е што треба да чекате до следниот ден за да можете да го консумирате.
Според рецептот потребно е готовата торта да преноќи во ладилник. Но, со сигурност чекањето ќе се исплати.
Потребни состојки:
За пандишпан:
- 200g мелени бисквити;
- 100g стопен путер.
За крем:
- 200g шеќер;
- 120ml масло;
- 500g меко крем сирење;
- 500g блага урда;
- 200ml шлаг пена;
- 50ml млеко;
- 50g нишесте;
- 1 пакетче пудинг од ванила;
- 3 јајца;
- 1 кесичка ванилин шеќер;
За прелив:
- 300g смрзнати вишни (малини или јагоди);
- 3 големи лажици шеќер;
- 1 голема лажица нишесте;
- 100ml вода.
Начин на подготовка:
- Во подлабок сад се мешаат мелените бисквити и стопениот путер и готовата смеса се става во калап за торта обложен со хартија и се притиска со лажица за да се направи основата на чизкејкот;
- Пандишпанот се става да се пече околу 8-10 минути на 180 степени Целзиусови (без вентилатор);
- Во длабок сад со маталка (или со миксер) се мешаат јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер додека не се добие пенеста изедначена смеса;
- Се додава пудингот и нишестето, масло, крем сирење, урда и шлаг пена и се мати додека не се добие изедначена смеса;
- Готовиот фил се става врз потпечените и оладени бисквити;
- Чизкејкот се става во претходно загреана рерна на 175 степени Целзиусови и се пече уште околу 50 минути. Потребно е филот да добие кора, а средината да биде мека;
- Тортата откако ќе се олади на собна температура се остава да преноќи во ладилник;
- Во мало тенџере се става замрзнатото овошје, се додава шеќер и се остава да се свари на тивок оган;
- Во подлабок сад се мешаат нишестето и водата и се додаваат во овошјето;
- Се остава да се свари додека не добиете густ сос, а потоа се прецедува со цедалка;
- Чизкејкот се прелева со готовиот овошен сос, а потоа се враќа во ладилник да отстои уште 1-2 часа.
Видео упатство:
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто
Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири
Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...