Посен рецепт без масло: Хумус од бел грав со зачини

Традиционално за Велики Петок во многу семејства се јаде бел грав без масло, а ова е интересен рецепт за сите оние што сакаат да пробаат нешто малку поинакво од вообичаено. Без масло, со зачини по желба – хумусот од бел грав може да се консумира како макало или да го намачкате на парче двопек.

ednostaven-posen-recept-humus-od-bel-grav-so-zachini-01.jpg

Најмногу време ќе потрошите на варење на гравот. Но, исто така можете да купите и сварен, конзервиран грав.

Потребни состојки:

  • 400g сварен грав;
  • 2 големи лажици сусамов таан;
  • Сок од 1 или 2 лимони;
  • 1 чешне лук (изрендано);
  • Хималајска сол (по вкус);
  • Неколку лажици вода (за разредување на хумусот);
  • Зачини по вкус (нане, босилек, буковец, сечкани перца од млад кромид).

Начин на подготовка:

  • Сите состојки се ставаат во блендер и се ситнат додека не се добие изедначена смеса;
  • Доколку хумусот излезе премногу густ се додава по една лажица вода, па се меша додека не се добие посакуваната густина.

ednostaven-posen-recept-humus-od-bel-grav-so-zachini-02.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...

Најчитани неделава