Рецепт за летно мезе: Подгответе сами крцкави чипс тиквички во Air Fryer
Рецепт за вкусни и здрави грицки, што можете да ги подготвите сами.

Во светот, а и кај нас сè попопуларно е приготвувањето на храната во апарат за готвење со топол воздух (Air Fryer).
Во овој апарат освен што можете да подготвите брзи оброци, исто така можете да подготвите и здрави грицки што ќе ги консумирате без грижа на совест.
Ви требаат околу 5 минути за подготвка и 10-тина минути за готвење, а ќе добиете крцкави и здрави грицки што одлично ќе ви послужат и како мезе.
Потребни состојки:
- 1 поголема тиквичка;
- Маслиново масло;
- Сол и црн бибер (по вкус).

Начин на подготовка:
- Тиквичката се мие и со нож се отстрануваат краевите, а потоа со помош на ренде се сечат тенки кругчиња;

- Кругчињата се распоредуваат на хартиена салфета за да се исушат, а со салфета се брише вишокот течност;

- Во длабок сад, тиквичките се попрскуваат со малку маслиново масло, се додава сол и бибер по вкус и се мешаат додека зачините не се распоредат рамнонмерно;

- Тиквичките се распоредуваат рамномерно во претходно загреаниот апарат на топол воздух и се печат на температура од 190 степени Целзиусови околу 4 минути;

- Се превртуваат и се оставаат да се печат уште 4 минути;
- За најдобар резултат, потребно е да не се ставаат премногу кругчиња наеднаш едно врз друго.

Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Здрави Сникерс бомбици – се прават за 5 минути кога немате благо дома
Здрави енергетски бомбици кои се експлозија од вкусови кои потсеќаат на Сникерс ...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост
Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо
Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
3 рецепти за лесни и здрави салати, идеални за летните денови
Кога не сте расположени за „тешка“ храна, а сепак сакате нешто вкусно што ќе ве ...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути
Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус
Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...