Хит-рецепт за брз ручек: Зачинети пилешки копани од Air Fryer

Со едноставни зачини и со помош на апарат за готвење со топол воздух можете да подготвите вкусни и сочни пилешки копани. За помалку од половина час ќе имате готов ручек.

hit-recept-za-brz-ruchek-zachineti-pileshki-kopani-od-air-fryer-01.jpg

Предноста на готвење со апаратот на топол воздух е во тоа што за многу брзо време можете да подготвите брз ручек, без да го потрошите целиот ден во кујна, па токму затоа многумина се одлучуваат за овој кујнски уред. 

Со овој рецепт можете да подготвите вкусно пилешко месо за помалку од 30 минути, а дополнително сами одредувате колку и какви зачини ќе искористите.

Потребни состојки:

  • Пилешки копани;
  • Маслиново масло;
  • Зачини (морска сол, црвен пипер, лук во прав, црн бибер).

Начин на подготовка:

  • Одмрзнатите пилешки копани се ставаат во длабок сад и се попрскуваат со малку маслиново масло, се посолуваат и им се додаваат зачините;
  • Копаните се мешаат додека зачините не се распоредат рамномерно;
  • Зачинетите копани се редат во претходно загреан Air Fryer на 200 степени Целзиусови во еден ред и притоа добро е да се остави простор меѓу секој од копаните;
  • Се оставаат да се „печат“ околу 22 – 24 минути на температура од 200 степени Целзиусови;
  • Кошничката од апаратот за топол воздух се вади и копаните се оставаат да отстојат околу 5 минути за да ги впијат убаво соковите и зачините.

hit-recept-za-brz-ruchek-zachineti-pileshki-kopani-od-air-fryer-02.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Здрави Сникерс бомбици – се прават за 5 минути кога немате благо дома Здрави енергетски бомбици кои се експлозија од вкусови кои потсеќаат на Сникерс ...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...

Најчитани неделава