Освежителен десерт: Домашен „Орео“ сладолед со само три состојки (видео)

Подгответе вкусен домашен десерт со само три состојки. Рецепт за брз сладолед со „Орео“ колачиња.

osvezhitelen-desert-domashen-oreo-sladoled-so-samo-tri-sostojki-video-1.jpg

Со порастот на температурите сладоледот е омилен десерт за сите генерации, а со овој рецепт ќе подготвите вкусен и кремаст домашен сладолед што ќе има ист вкус како оној од продавница.

За негова подготовка потребни ви се само 10-тина минути, а ќе добиете сладолед за околу 12 порции.

Потребни состојки:

  • 18 Орео колачиња;
  • 400g благо кондензирано млеко;
  • 480ml слатка павлака (студена).

Начин на подготовка:

  • Во зип кеса за замрзнување се кршат 14 Орео колачиња;
  • Во длабок сад се става слатката павлака и се мати со миксер додека не се добие цврст шлаг;
  • Се додава кондензирано млеко и се мати со миксер на бавна брзина додека млекото и павлаката да се соединат;
  • Се додаваат искршените колачиња и сладоледот полека се меша со гумена шпатула додека сите состојки да се соединат;
  • Сладоледот се става во длабок сад, се декорира со уште 3-4 скршени Орео колачиња и се става во замрзнувач околу 6 часа.

Видео упатство:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Домашен ручек за почетници: Рецепт за ориз и пилешки копани во рерна Ако не сте вешти во кујна, а сакате домашен ручек, овој рецепт ќе ви заврши рабо...

Најчитани неделава