Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возач 08-08-2022
Технолог 08-08-2022


5 брзи (и здрави) појадоци за оние кои секогаш се во трчање

Добриот појадок е мотивација на денот и дефинитивно заслужува да биде подготвен со љубов и внимание. Неколку предлози за појадок кој ќе ве разбуди брзо и за кој телото ќе ви благодари...

5-brzi-i-zdravi-pojadoci-za-onie-koi-sekogash-se-vo-trchanje-01.jpg

Велат дека добриот ден започнува со добар појадок, се согласувате ли?

Јас дефинитивно да! Особено кога станува збор за работните денови, тогаш имам потреба што поскоро да го расонам мозокот и полна со енергија да се посветам на работните обврски.

Се трудам појадокот да го приготвам дома, иако понекогаш се случува со некои поедноставни рецепти, тоа да го направам на работното место.

Знам дека за да имам продуктивен ден потребен ми е на самиот старт од денот здрав оброк, кој се приготвува брзо и лесно. Најважно е да содржи состојки за кои моето тело ќе ми благодари.

Неколку одлични рецепти:

Смути „Green monster“

Овесна каша со шумско овошје и бадеми + Boom Box овесен пијалак со бадеми + спанаќ + киви + малини за декорација

Потребни состојки:

  • 1/3 ќесичка Boom Box овесна каша со шумско овошје и бадеми
  • 300ml овесен пијалак со бадеми, добро разладен
  • Една шака бејби спанаќ
  • 1 киви
  • Малини за декорација

Начин на подготовка:

  • Сите состојки добро изблендирајте ги во смути пијалак.
  • При сервирањето може да додадете коцка мраз и да декорирате со малини.

Ова е ужинка која ќе ве држи сити, енергични и силни со часови.

5-brzi-i-zdravi-pojadoci-za-onie-koi-sekogash-se-vo-trchanje-02.jpg

Пина Колада

Овесен пијалак со кокос + ананас

Потребни состојки:

  • 250ml Boom Box овесен пијалак со кокос
  • 2 крукчиња ананас (или половина шолја коцки ананас)
  • 1 кафена лажичка кокосови снегулки (или кокосово брашно)
  • 3 коцки мраз

Начин на подготовка:

  • Промешајте ги убаво состојките.
  • Сервирајте во висока чаша на столче и украсете со парче ананас.

5-brzi-i-zdravi-pojadoci-za-onie-koi-sekogash-se-vo-trchanje-03.jpg

Кул ароматична овесна каша

Овесна каша со јагоди и чиа семе + овесен пијалак + цимет, ванила и кардамом

Потребни состојки:

  • 1 ќесичка Boom Box овесна каша со јагоди и чиа семе
  • 150ml Boom Box овесен пијалак
  • ½ лажичка цимет
  • ½ лажица екстракт од ванила
  • 1/3 кафена лажичка мелен кардамом

Начин на подготовка:

  • Овесниот пијалак загрејте го и во топлата течност додадете цимет, ванила и кардамом.
  • Добро промешајте ја смесата за зачините да се стопат.
  • Овесната каша со јагоди и чиа семе пригответе ја според упатството на производот, односно изблендирајте со претходно подготвениот овесен пијалак.

За стресните денови лесната овесна каша со зачините комплетно ќе ве опушти.

5-brzi-i-zdravi-pojadoci-za-onie-koi-sekogash-se-vo-trchanje-05.jpg

Колачи  „Wake up golden cookies“

Овесни колачи + овесен пијалак од лешник + куркума + чили

Потребни состојки:

  • ½ ќесичка Boom Box овесни колачи со брусница
  • 150ml Boom Box овесен пијалак со лешник
  • 1 кафена лажичка куркума
  • Малку чили

Начин на подготовка:

  • Загрејте го овесниот пијалак со лешник.
  • Додадете чили и куркума и добро промешајте.
  • Колачите прелијте ги со добиеното златно млеко.

Овој рецепт е одличен начин за будење на телото и умот.

5-brzi-i-zdravi-pojadoci-za-onie-koi-sekogash-se-vo-trchanje-04.jpg

Грчки јогурт со овошје, јатки и гранола

Овесна гранола + овошје + грчки јогурт

Потребни состојки:

  • 150 грама грчки јогурт
  • 100 грама ситно овошје, како малини и боровинки
  • 30 грама јаткасти плодови по желба
  • Гранола

Начин на подготовка:

6-brzi-i-zdravi-pojadoci-za-onie-koi-sekogash-se-vo-trchanje-001.jpg

Сите производи на Boom Box погледнете ги на ТУКА.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Два брзи и лесни рецепти кои вреди да ги послужите на посната трпеза за Св. Никола За Св. Никола, другите посни слави или во кој било друг ден, вреди на трпезата д...
Нема да им одолеете – Здрави брауни колачиња од тиква Тиквите ги обожаваме, затоа што се здрави и вкусни, а може да се направат на пов...
Најбрзиот чизкејк со боровинки – освежителен десерт што не се пече Наместо боровинки, можете да искористите малини, јагоди, или некое друго сезонск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg