Прсти да излижете: Потпечени млади компирчиња со зачини и растопен кашкавал
Млади компирчиња со растопен чедар и свеж зеленчук. Одлични се за мезе или како додаток на главното јадење. Кој е вашиот омилен рецепт со млади компири?

Пржени, печени, пасирани во пире. Сите сакаат да јадат компири, а овој рецепт можете да го искористите доколку сакате да приготвите несекојдневно мезе, или пак како додаток на главното јадење.
Доколку сакате зачинета храна, можете да користите и чили во прав за да добиете лути компирчиња, или пак да се држите до благите и неутрални зачини.
Потребни состојки:
- 1kg млади компири;
- 2 лажици маслиново масло;
- Зачини по вкус (чили во прав, црвен пипер, лук во прав, ким, црвен пипер)
- 235g рендан чедар;
- ¼ домат (ситно исечкан);
- 1 млад кромид (ситно исечкан);
Начин на подготовка:
- Компирите се мијат и секој од нив се става на дрвена лажица и се засекува на растојание од околу 5 mm;
- Засечените компири се прелеваат со маслиново масло и им се додаваат зачини по ваш вкус;
- Компирите се мешаат додека зачините и маслото рамномерно да се распоредат по нив;
- Се распоредуваат на плех премачкан со масло и се ставаат да се печат околу 45 минути на температура од 200 степени Целзиусови;
- По ова компирите се вадат од рерна и им се става рендан чедар, па се враќаат во рерна да се печат уште 45 минути, односно додека не добијат кафеава боја, а чедарот целосно да се стопи.
Погледнете го видеото:
https://www.instagram.com/tv/CcK3fr-DE6j/?utm_source=ig_web_copy_link
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто
Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири
Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...