Најбрзиот чизкејк со боровинки – освежителен десерт што не се пече
Наместо боровинки, можете да искористите малини, јагоди, или некое друго сезонско овошје по ваш вкус.

Ова е одличен рецепт за оние што сакаат да подготват брз и здрав десерт, а не сакаат да го поминат целиот ден во кујна.
Сѐ што ви треба се 5 основни сосотојки и сезонско овошје по ваш вкус, а кога еднаш ќе го подготвите овој десерт, со сигурност ќе сакате да експериментирате со повеќе различни вкусови.
Како се подготвува овој брз и лесен чизкејк?
Потребни состојки:
За кора:
- 250g бисквити;
- 125g стопен маргарин;
За фил:
- 500g крем сирење;
- 5dl слатка павлака;
- 6 големи лажици шеќер во прав;
- 200g боровинки.
Начин на подготовка:
- Калапот за торта се обложува со хартија за печење;
- Бисквитите се мелат и се мешаат со стопениот маргарин, а потоа се рапоредуваат во калапот за торта и се притискаат со чаша додека не се формира цврста кора;
- Во длабок сад се става слатка павлака, крем сирење и шеќер во прав и се матат со миксер додека не се добие еднаква смеса;
- Боровниците ситно се сечкаат и се додаваат во филот и целата смеса се меша уште кратко со миксер;
- Готовиот фил се распоредува на кората од бисквити и се остава во ладилник околу 2 часа;
- Чизкејкот се декорира со дебел слој шлаг и свежи боровинки.

Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Лиснати кроасани со крем од ф’стаци - По првиот залак ќе барате уште
Кремот од ф’стаци последниве години се користи во многу различни рецепти, а мног...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Кремаст Фереро Роше тарт - ќе барате парче плус
Се подготвува брзо, со корнфлекс, а токму тој му го дава крцкавиот шмек што го и...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо
Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...