Рецепт за турско лепче со зачини, меко како душа – се топи во уста и одговара со секое мезе
Дали и вие сте од тие на кои мезе во кафеана не им проаѓа без лепиња на скара? Ако да, мора да го пробате овој рецепт за лепче меко како душа, кое не се пече.

Доволно е само да го погледнете видеото за веднаш да огладнете и да посакате да го вкусите ова превкусно турско лепче.
За овој рецепт не е потребно печење во рерна, се прави во тава, отпосле се зачинува и подготвено е да се стопи во уста.
Потребни состојки:
- 500g брашно
- 150ml топло млеко
- 150ml топла вода
- 1 лажица сол
- 7g сув квасец
- 3 лажици маслиново масло
- Сечкан магдонос и буковец
Начин на подготовка:
- Во сад истурете ги брашното, солта и сувиот квасец, па додадете ги топлата вода и млеко и измешајте.
- Додадете го маслиновото масло и замесете го тестото, а потоа додадете уште малку масло заа да го навлажните и измазните тестото и оставете да отстои покриено 1 час за да се подигне.
- Поделете го тестото на 6 триаголници и од секој од нив формирајте топче со раце.
- Наросете го секое топче со брашно, размесете ги со сукало во кружна форма како мекица и ставете ги да се готват на нелеплива тава 5-6 минути.
- Премачкајте го лепчето со масло и наросете магдонос и буковец или чили парчиња.
Деталната постапка за месењето погледнете ја во видеото:
https://www.youtube.com/watch?v=FQ8X6loyIoI
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто
Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири
Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...