Брзи, слатки ролнички со Киндер чоколатца, готови за 15 минути

Покрај тоа што овој десерт е многу вкусен и брз за подготовка, тој ќе ви помогне и креативно да го искористите остатокот од лебот кој не сте успеале да го изедете.

Brzi-slatki-rolnicki-so-Kinder-cokolatca-01.jpg

Крцкави однадвор и сочни одвнатре, пржените ролнички се идеално уживање кога немате многу време за подготовка на десерти. Можете да ги наполните со што сакате, а на децата особено ќе им се допадне овој рецепт со Киндер чоколатца.

„Лажните палачинки“ се одличен начин да ги искористите остатоците од лебот, а за подготовка не ви се потребни повеќе од 15 минути.

Потребни состојки:

  • 4 киндер чоколадни плочки
  • 8 кришки тост леб
  • 2 јајца
  • 60 ml млеко
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 40g шеќер
  • Мала коцка путер за пржење

Начин на подготовка:

  • Киндер чоколатцата исечете ги на половина, а на секое парче леб отстранете ја кората.
  • Потоа малку израмнете го секое парче леб и расукајте го со сукало.
  • На едниот крај ставете половина од чоколатцето и свиткајте во ролничка.
  • Во подлабок сад изматете ги јајцата со млекото и додадете го екстрактот од ванила.
  • Секоја мала ролничка убаво потопете ја во оваа смеса, а потоа пржете во загреана тава на растопен путер додека не добијат крцкава, златна кора.
  • Извалкајте ги во сад со шеќер и прелијте ги со чоколаден сируп или нутела по желба.

Комплетната подготовка можете да ја погледнете на видеото:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Куглоф колач со лимон - десерт што ќе ве освои од првиот залак Овој сочен куглоф колач е комбинација од кисели и слатки вкусови, а верувајте, ќ...
Вкусна пита со боровинки и лимон Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...

Најчитани неделава