Нов хит рецепт за шот од ѓумбир - ќе ве разбуди побрзо од кафе (а го подобрува и метаболизмот)

На социјалните мрежи вистински хит е рецептот за пијалак што ве буди побрзо од кафе, а помага за забрзување на метаболизмот. За 15 минути можете да подготвите шотови од ѓумбир за цела недела.

kje-ve-razbudi-pobrzo-od-kafe-a-go-podobruva-i-metabolizmot-nov-hit-recept-za-shot-od-gjumbir-01.jpg

Постојат повеќе варијации на овој познат рецепт, а на сите им се допаѓа тоа што пијалакот се подготвува во блендер и можете да го приготвите одеднаш за цела недела. 

Добро се знае дека ѓумбирот го зајакнува имунитетот, помага за забрзување на метаболизмот и е полн со антиоксиданси. Сосема е јасно зошто голем број од корисниците на социјалните мрежи побрзаа да го подготват овој пијалак и истиот вирално се прошири на социјалните мрежи.

@jordankilkenny Best ginger shot recipe and so good for your gut health!! #gingershot #ginger #healthy #recipe ♬ More Than Friends - Aidan Bissett

Постојат повеќе варијанти за подготовка на шотови од ѓумбир. Некои сакаат да стават во блендер нелупен ѓумбир и кокосова вода и да ги блендираат, а потоа да го процедат добиениот сок, а други пак го следат следниот рецепт (како поевтина варијанта).

Исто така, основниот рецепт е со сок од лимон, но некои сакаат освен сок од лимон, да додадат и портокали.

Потребни состојки:

  • 450g свеж ѓумбир;
  • 5-6 лимони (со средна големина);
  • 60ml студена вода;
  • 50g мед (или по вкус).

Начин на подготовка:

  • Ѓумбирот се мие и се суши и се сечка на мали парчиња;
  • Лимоните се цедат во цедалка;
  • Во блендер се ставаат парчињата ѓумбир, се додава сок од лимон, вода и мед (доколку сакате) и се блендираат на најголема брзина додека не се добие изедначена смеса, или околу 2 минути;
  • Сокот се прецедува во цедалка и се чува во ладилник, каде може да стојат до една недела;
  • Најдобро е секое утро да го протресете шишето во кое го чувате сокот и да се напиете по една мала чаша.
@kellsyu all set for the week #guthealth #gingershot #wellness #healthyliving ♬ original sound - Kelly

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за домашна бајадера - кралицата на малите колачи Некои работи никогаш не излегуваат од мода и се пренесуваат од една генерација н...

Најчитани неделава